Откажување од одговорност
„Кога се откажувате од сопствената одговорност, другите ќе ја искористат за свои мрачни цели“ - канадскиот клинички психолог, автор и предавач, Џордан Б. Петерсон
Поинаку кажано, кога ќе се откажете од вашата одговорност, другите ќе вмешаат и ќе го направат она што тие го сакаат. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – кој до 11 април 1991 година беше Сојузот на комунистите на Македонија – е одличен пример за тоа како нешто што треба да биде одговорна партија се откажува од својата одговорност кон земјата и им дозволува на другите да ја преземат одговорноста.
СДСМ се откажа од одговорност во многу области, но јас сакам да се фокусирам на една област – одбраната на македонската држава и македонскиот народ. Оваа партија и нивното таканаречено лидерство во целата нивна историја не се залагале за правата на Македонците и Македонија како независна нација-држава. Кога беа во влада од 1991 година, тие ја подарија (не тргуваа, туку баш ги подарија): доброто име на Македонија, делови од македонскиот идентитет, македонската култура и трговски марки, пасошите, странски и домашни тендери и многу повеќе, и ќе продолжат да раздаваат се што останува да се подари се додека се на власт.
Абдицирајќи од сопствената одговорност, овие македонски елитисти (политички партии, невладини организации, медиумите и интелектуалци), дозволија одговорноста место нив да ја преземат, меѓу другото, албанските авантуристи, кои имаат „свои мрачни цели“. Авантуристи од албанското етничко малцинско раководството во Македонија и од Република Албанија, како и од етничкото малцинство на Албанците во Србија.
Овие албански нарцисти и шовинистички водачи биле и продолжуваат да градат митски наратив дека Албанците низ Југоисточна Европа се антички народ и кралство, а бидејќи тоа кралство повеќе не постои, сега Албанците од Југоисточна Европа се жртви со политичко барање да го обноват тоа кралство. Повторно, тоа е наративот што тие го градеа, им го продаваа на странските дипломати и го туркаат во нивните земји и региони. (И не, пред некој да извика „но што е со Македонците и нивните историски митови!“ - јас буквално не познавам ниту еден Македонец кој сака да го обнови кралството на Александар Македонски – единственото нешто што го сакаат Македонците е да можат да живеат во Македонија со сите права што ги имаат мнозинските етнички групи и во другите национални држави како што се Естонија, Литванија, Полска, итн.)
Еве слика од горенаведеното: Артан Груби држи мегафон директно вперен во лицето на Христијан Мицкоски, го тупка со показалецот во градите на и вика „Јас сум жртва, дајте ми повеќе права!“ додека Мишкоски стоички го гледа, со тенка насмевка на лицето. Ковачевски се вртка во близина, со погледот во земја, поразен, со стуткани раменици, а наоколу стои хорот аминџии, амбасадорите на САД и ЕУ, и сите заедно ја пеат истата литургија, „Да, Албанците се жртви, дајте им се што ќе побараат“.
Доста беше. Албанското „лидерство“ (во најширока смисла на зборот) во Македонија се веќе преразмазени. Поминаа 22 години од таканаречениот Охридски рамковен договор, а албанското „лидерство“ во Македонија никогаш нема да престане да плаче дека се жртви и да бара уште повеќе права.
„Колку е доволно“, млад новинар го прашал американскиот нафташ Џеј Пол Гети кога тој стана првиот доларски милијардер во светот - „Само еден долар повеќе“, одговорил Гети. „Колку пати треба да им дадеме уште една отстапка на овие професионални жртви“, Македонците ја прашуваат нивната нивната влада.
Ова е нивниот план и нивната стратегија: го сумираше Али Ахмети кога одговараше на поделбите во неговата партија, и рече: „Нашиот статут не дозволува фракции. Секоја акција надвор од статутот води кон анархија. Најдемократска опција е малцинството да се приклучи на мнозинството во неговото мислење“. Ах, да, „најдемократската опција“. Секој што ни се спротивставува мора едноставно да се откаже неговиот став и да се согласува со нашиот став. Истото ова владата на СДСМ/ДУИ му го кажува на
ВМРО и на стотиците илјади Македонци на кои им здодеа врз нив да уринираат од височините на Калето и од нивната власт во Македонија. „Најдемократската опција“ за американската амбасада заедно со нивните вазали и помали соработници од амбасадите на ЕУ, е Македонците кои не сакаат повеќе понижувања и условувања да се откажат од своите „старомодни“ идеи за идентитетот и да им се приклучат на СДСМ и ДУИ. Друг начин нема. Овие негативци и никаквеци ви порачуваат дека ќе биде по нивно и никако поинаку.
Поради отфрлањето на одговорноста, оставањето другите да ја преземат одговорноста за своите мрачни цели, Македонија се наоѓа во речиси постојана криза.
Писателот Џаред Дајмонд предлага стратегија од 12 чекори за нациите кои се справуваат со криза. Еден од тие чекори е идентитет. Чекор шест: „Поголема е веројатноста да успеете ако имате „силно его“, што кај државите се гледа како чувство на национален идентитет“. Точно е, на индивидуално и локално ниво чувството на Македонците за македонскиот идентитет се засили откако СДС/ДУИ дојдоа на власт. Но, како што напишав и претходно, кога другите гледаат дека националниот идентитет на Македонија како држава е ослабен, и намерно се ослабнува од сопствената влада, постои искушение меѓу нив да грабнат парче од Македонија. Додадете ја во тоа и елитата која безгрижно вели дека тие се „граѓани на светот“ плус раководството на етничкото албанско малцинство кое се обидува да ја наметне „надмоќноста“ на албанскиот идентитет (најдобар доказ за тоа е нивната употреба на знамето на Република Албанија низ Македонија и во владините институции), и добиваме опасна ситуација.
Единствениот излез од оваа криза е да се прифати одговорноста и да се постапува по неа. Еве еден начин: секако, најновиот предлог на ВМРО за употреба на хрватскиот устав како модел е разумен – и одговорен. И ова е начинот на кој се функционира во законодавната арена: едната страна сака нешто, но не е доволно моќна едноставно да си го земе; им требаат и вашите гласови. Можеби ќе се согласите да им го дадете она што тие го сакаат, но и вие сакате нешто за возврат. Двајцата давате по малку, а секој добива по нешто. Тоа се вика политика. Но во сегашната ситуација, СДСМ само сака да земе и да не даде ништо за возврат. Тоа пак се нарекува авторитаризам.
Откажувањето од одговорност од страна на СДСМ само ќе продолжи да води кон остварување на мрачните цели на ДУИ и другите етнички албански парити во Македонија, и покрај нивните разлики.