Попусливоста никогаш не успева
Зошто луѓето не можат да ја научат оваа лекција?
Историјата е преполна со примери кои покажуваат дека попустливоста никогаш не успеала. Човек не мора да оди далеку назад во времето за да види дека ова е вистина. А сепак, продолжуваме да гледаме примери за попустливост. Зошто луѓето не можат да ја научат оваа лекција? Особено луѓе кои се сметаат за интелектуалци? Затоа што не ја земаат предвид човечката природа и затоа што веруваат во утопија.
Попустливоста е покажување слабост и таа секогаш го привлекува агресорот, во овој случај Бугарија, да бара повеќе. Секогаш повеќе. Неговиот апетит никогаш нема да се засити.
Невозможните барања на Бугарија кон Македонија сега ќе бидат вградени во процесот на проширување на ЕУ, билатералните прашања ќе бидат внесени во област каде што не би смеело да бидат, и од Македонија ќе се бара, како цена за нејзиниот прием во ЕУ, ја и попушти на Бугарија и да ги прифати бугарските барања. Каде сме го виделе ова досега?
Зошто луѓе во Македонија и во западната надворешнополитичка заедница сметаа дека со попустливост пред грчките барања, во обид да се удоволат Грците, се ќе излезе добро? Имаше многу гласови, вклучително и мојот, низ годините, кои велеа дека ако Македонија попушти пред грчките барања, Бугарите едноставно ќе го следат истиот план за игра. Бугарите се правеа добри, даваа многу пријатни изјави за време на грчкото вето на Македонија, а потоа, кога дојдоа нивните пет минути, ги претставија своите барања. Со таа разлика што нивните барања сега се дел од процесот на пристапување на Македонија во ЕУ.
Барањата вклучуваат внесување на Бугарите во македонскиот Устав (за што треба дво-третинско мнозинство во Собранието) пред отворањето на преговорите со ЕУ. Иако не сме го виделе вистинскиот, формален француски предлог во целост, знаеме дека бугарските барања вклучуваат некој вид на „признание“ дека македонската историја започнува во 1945 година и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Потоа, тука се многу реалните барања - македонските училишни книги, наставната програма и историјата во целина да се сменат за да го одрази сето ова, што е дел од т.н Договор за добрососедство потпишан од Зоран Заев.
Сите оние кои се вклучени во промената на доброто име на Македонија на прво место и попустливоста кон Грција – Никола Димитров, Зоран Заев, Али Ахмети и нивните владини членови во периодот од 2017 до 2019 година; заедно со сите нивни поддржувачи во македонските медиуми, невладините организации, аналитичките центри, левичарите и прогресивците; заедно со сите странци кои беа вклучени во процесот, со САД Стејт департментот, нивните амбасадори во Македонија, Грција и регионот, претставниците на ЕУ и нивните земји-членки, претставници на НАТО и еден куп организации како ОН, ОБСЕ и други; заедно со меѓународните тинк-тенкови, невладини организации, медиуми и други различни левичари и прогресивци - сите овие луѓе се одговорни што не доведоа до оваа точка денес.
Запомнете – сите горенаведени го игнорираа македонскиот народ, кој рече не на промената на името. Принципот на „согласност на владеените“ за кој гореспоменатите луѓе многу сакаат да зборуваат, не само што беше игнориран, туку беше прегазен. Немаше согласност.
Она што е толку подмолно во сегашните барања Македонија да покаже попустливост кон Бугарија е тоа што таму
нема да има крај на барањата. Додека Македонија минува низ процесот на пристапување во ЕУ, Бугарија ќе измисли нови, невозможни барања, а кога Македонија ќе се огради од нив, Бугарија ќе оди кај другите земји-членки и ќе каже „Видете, се обидовме да ги вразумиме, но... тие грозни луѓе кои мислат дека се Македонци...“ И ЕУ ќе се согласи со Бугарија.
Земете еден мал пример: таканаречениот „говор на омраза“, кој е субјективен и недефиниран од правна гледна точка. А сепак договорот што го потпиша Заев ја обврзува Македонија да се бори против таканаречениот „говор на омраза“ кон Бугарија, што е невозможна задача. Бугарите треба само да кажат дека нивните чувства се повредени за потоа да го искористат проблемот со „говор на омраза“ како причина за повторно да го блокираат пристапниот процес на Македонија, се додека македонската влада не стави крај на слободата на говорот.
Конечно, ако мислевте дека Грците завршиле со нивните барања во однос на т.н. Договор од Преспа, размислете повторно. Ви гарантирам дека доколку пристапниот процес за Македонија навистина започне во одреден момент, Грците ќе го објават своето „незадоволство“ поради „недостигот на напредок во Македонија за таканаречениот договор од Преспа“ и ќе го блокира пристапниот процес на Македонија на секој чекор од патот. Тие само го чекаат погодното време, а не регираат во овој момент само затоа што Бугарите тоа го прават за нив.
На ова му нема крај. Дури и додека го чекаме текстот на францускиот предлог, гледаме дека францускиот претседател Макрон изјави – не се шегувам – „Дали ова е фер во однос на Северна Македонија? Ќе кажам многу искрено: не“. А потоа го гледаме Оливер Вархеји, еврокомесар за соседство и проширување, кој на 23 јуни твитна дека „#ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Моментот за одговорни одлуки е сега.” На тоа се надоврза Карл Билт, поранешен шведски премиер, министер за надворешни работи и поддржувач на македонската попустливост кон Грција, кој на Твитер напиша „Ова е многу опасен развој на настаните. Ако различни националистички спорови со дискутабилна валидност се вклучени во проширувањето на (емоџи со знаме на ЕУ) барања може исто толку добро да се затвори целата работа“. (Интересна забелешка: Срѓан Цвијиќ од Отворено општество на Сорос твитна дека Вархеји сега е „комесар на Орбан“ мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан; тоа е затоа што Цвијиќ и Сорос го мразат Орбан. Вархеји само го прави она што ЕУ го сака тој да го направи.)
Претпоставувам дека единственото пријатно нешто овде е да гледаме како левичарите, прогресивци и глобална влада меѓусебно се обвинуваат за предавство на „вредностите“ на ЕУ (како во горниот пример) или бараат Македонија да продолжи да и попушта на Бугарија и дополнително да се понижува себеси со негирање на нејзиното постоење.
Оваа катастрофална состојба во која се наоѓа Македонија во моментов е одговорност на сегашната и претходната македонска влада, заедно со нивните овозможувачи и внатре и надвор од Македонија. Тие треба да поднесат оставки и да се одржат нови избори. А што се однесува до членството во ЕУ, што и да бара Бугарија – или Грција – секогаш ќе има повеќе барања за попуштање. И Македонија ќе загуби ако попушти.