Маки и радости
Животот понекогаш е за никаде. Животот честопати не е фер. Кон нас како поединци, кон нашите семејства, кон нашите заедници и држави. Не секогаш, но честопати е така.
Македонија ја спопаднале многу маки, и во оваа модерна верзија како национална држава, и порано, како многу постара, древна земја и народ. Вие добро знаете што се се случувало, и сами можете да ги наброите сите маки: отоманското ропство, српските и бугарските окупации, депортирањето на макеоднските Евреи, земјотресот од 1963 година, грчката блокада во 1994/95 и нивното барање Македонија да си го смени името, знамето и уставот. Војната во соседството во 1999 година и предизвика на Македонија многу несреќи. Војната во 2001 година дојде од соседството (и од внатре). Терористичкиот напад врз Куманово во 2015 година. Принудното менување на иметоа, актуелните детски барања од Бугарија и многу многу друго...
Ги бројам овие маки веќе скоро 26 години, во кои лично бев поврзан со Макеоднија, и потсетувам на нив секогаш кога сакам да го подвлечам следново: покрај сите овие проблеми, колку и да е се нефер, колку и неправди животот понекогаш да им сервира на Македонија и на Македонците, следното е точно - Македонија не само што преживеа туку честопати и постигнуваше успеси. Тоа е добрата вест - треба да се радуваме за тоа.
Но, да се држиме до несреќите. Честопати тие доаѓаа во Македонија од странство, како надворешни шокови - како што велат во извештаите на Светската Банка. Тие не беа по вина на Македонија туку по вина на други страни. Не можете многу да направите во врска со надворешните притисоци и секако не можете да ги контролирате. Можете да ги менаџирате или да се прилагодувате на нив колку што можете подобро, и да ги пребродите додека не дојдете до некое подобро место.
Понекогаш вашите маки се резултат на пропустите на самите Македонци. А Македонците се свесни за ова и ја посочуваат вината на нивните лидери. Некогаш Во случајот на овие маки, нешто може да се стори во врска со нив. Мислам - се надевам - дека Македонците знаат дека имаат начини да се справат со нив.
Но во секој случај, независно дали проблемите доаѓаат од надворешни или внатрешни извори, има нешто што Македонците можат - и треба - да направат. Прво, кренете се. Исправете се гордо. Преземете одговорност за своите постапки, односувањето и ставовите и престанете да ги обвинувате другите за секоја мала неправда. Имате движечка сила, како поединци, кои дејствуваат восемејство, во заедница, во град или во вашата држава Македонија.
Престанете да се вртите по другите. Еве нешто што треба да се повторува често: Ниту една земја нема да дојде да ве спаси. Другите земји може да ви помогнат тука или таму со економска или материјална помош, но тоа најчесто ќе биде од нивен личен интерес. Не ги обвинуваме за тоа. Сите земји прават така. Отсекогаш било така и секогаш ќе биде така. Понекогаш ќе добиете вистински алтруистичка помош (да не заборавиме што многу држави направија за Македонија и за Скопје по земјотресот во 1963 година). Но најчесто се ќе зависи од вас.
Немојте да мислите дека ако навивате за една или друга страна во големата геополитичка игра ќе добиете поддршка од било каде. Големата Игра не функционира така. Повторувам, ниту една држава нема да дојде да ве спаси.
Мое мислење е дека Македонците премногу често како да уживаат во овој статус на измачена жртва и сакаат да продолжат да играат на таа карта. Како што наведов, Македонија навистина честопати била жртва. Но да уживате во тој статус, да се повикувате на тој стастус, да го носите насекаде со себе - тоа ја труе душата и испраќа слика на слабост кон другите. Како што реков на почетокот, животот понекогаш е за никаде. Па што? Сите поминуваме низ падови во животот, не само вие. И повторно, ако се фокусирате само на тоа, ако дозволите мислите за вашата жртва да доведат до завист, тоа ќе води до желба за одмазда. А тоа ја труе душата.
Сега, за жал, чувствувам дека има многу поразеност, разочараност и обесхрабреност меѓу Македонците. Има причини за ваквите чувства. Но постои сериозна закана ако се префокусирате и ги надградувате овие чувства, тие ќе растат, ќе се хранат сами од себе и ќе ги повлечат тие што веруваат во нив во состојба на парализа. А што потоа? Едноствано ќе прифатите пораз? Ќе легнете и ќе умрете?
Наместо тоа, еве како може да гледате на нештата.
Отсекогаш бев импресиониран од Македонците кои се бореле и се жртвувале за своите семејства, за своите заедници и за Македонија. Класичен пример е Илинденското Востание но има и многу други примери на такви саможртви. Ова се добри и вистински приказни кои инспирираат, охрабруваат и даваат надеж за подобра иднина и за подобар живот.
Па наместо да легнете и да чекате да умрете, кренете се, исправете се и тргнете напред. Одберете страна, одберете ја вашата страна, и борете се за тоа што е исправно, точно, чесно и добро. Сите знаеме дека Македонците го направиле ова во минатото. Направете го повторно. Направете го сега. Престанете да се жалите и дејствувајте.
Запомнете, историјата нема страна, историјата не бира страна, историјата нема определен правец. Се може да се случи додека да трепнеш. На крајот, успехот - или неуспехот - на Македонија, зависи од Македонците и од никој друг.