Се ова е лага
Дали може еден народ, нивниот идентитет и јазик, да исчезнат?
Етрусканците се народ кој живеел во денешна Италија, за кои повеќето историчари сметаат дека постоеле меѓу 900 година и 27 година пред нашата ера, кога биле „апсорбирани од Римјаните“, како што наведува професорот Википедија. Етрусанскиот јазик, се додава во Википедија, „го разбираме само делумно, поради што е многу тешко во целост да го разбереме етрусканското општество и култура, и сме зависни од подоцнежни, главно негативни записи на Римјаните и Грците“.
Значи, еден народ, неговиот идентитет и јазик може навистина да исчезнат - и тоа се случува. Историјата е гробиште на многу такви народи.
Американскиот заменик државен секретар Габриел Ескобар, кој, меѓу другите држави, е задолжен за Македонија, неодамна во едно интервју Македонците ги нарече „Северномакедонци“ (погледнете тука, на крајот на првата минута). Ескобар со право беше критикуван од многу Македонци, во медиумите и на социјалните мрежи, за користење на оваа неприфатлива и неточна навреда. Американската амбасада во Македонија знае дека тоа што тој го кажа е погрешно. А сепак не се извинија.
Оттаму, две работи се јасни: господинот Ескобар, американскиот Стејт Департмент и американскиот амбасадор и амбасадата во Македонија немаат проблем со неговата (одбререте сами) грешка, намерна изјава или неподготвеност. Второ, кредибилитетот на американските власти, на сите нивоа, е многу нарушен кај огромно мнозинство Македонци како резултат на оваа (одбререте сами) грешка, намерна изјава или неподготвеност. Но, очигледно е дека американската власт не е загрижена или не и е гајле. Кога си висок функционер на американскиот Стејт Департмент, нема што да се извинуваш. Всушност, кога си висок функционер на Стејт Департментот, на другите „селани“ можеш да им порачаш да прават како што ќе им кажеш.
Дали Ескобар кажа „Северномакедонци“ по грешка? Дали тоа е дел од намерен план за напад врз македонскиот идентитет, за негово разорување, поткопување и за понижување на Македонците? Дали ова го прават за забава?
Се што Стејт Департментот го сакаше во Македонија, на крајот беше спроведено. Употребата на закани, уцени, апсења и други „балкански тактики“ во најмала рака помина со намигнување од високи претставници на Стејт Департментот. Истите овие функционери притоа и држеа предавања на Македонија за владеењето на правото.
Сето тоа беше лага.
Лажеа од самиот почеток.
Кога Македонија, како многу стара и античка земја и народ, стана современа национална држава на 8 септември 1991 година, институциите во кои сакаше да се зачлени, почнувајќи сп Обединетите нации, и рекоа: „Еве ги нашите услови, исполнете ги и можете да се зачлените“. Македонија ги исполни тие барања. А сепак не можеше да се зачлени затоа што ја лажеа. И рекоа: „Сепак има уште една работа... имаме мал проблем со вашето името и вашето знаме“.
Лага беше влезот во НАТО. Ви рекоа „Исполнете ги овие барања“, и Македонија ги исполни. И потоа ви рекоа „Има уште една работа... мал проблем со вашето име“.
Постојана лага е и влезот во ЕУ. Сите знаеме каква е моменталната состојба и што Македонците мора повторно да направат за да се приклучат на клубот на ЕУ.
И повторно, сето ова е лага. Владејачките елити (избраните но особено неизбраните бирократските елити) во Стејт Департментот, ЕУ и нејзините институции, земјите-членки на ЕУ и во НАТО сите знаат дека тоа е лага. Ние знаеме дека лажат. Тие знаат дека ние знаеме дека не лажат. А сепак лагите продолжуваат. И лагите никогаш, никогаш нема да престанат, делумно затоа што на овие луѓе им е удобно
да лажат. Всушност, би рекол дека тие уживаат во лагите.
Па, како се справувате со лагите?
Не живејте со лаги.
Иронично е, навистина, кога ќе размислите за тоа, дека токму Русин ни порача да не живееме со лаги.
Не живеј со лаги беше последниот есеј на рускиот дисидент Александар Солженицин пред да биде прогонет во Западна Германија во 1974 година; се разбира, таму неговото пишување стана уште поинтензивно, предупредувајќи го Западот за тоа што ќе го снајде со текот на времето (неговиот совет продолжува да биде игнориран од страна на Запад). Православие Денес го нарекува есејот „…повик за морална храброст и служи како светилник за сите кои ја вреднуваат вистината“.
Се чини дека некои Македонци ги прифаќаат овие лаги и дехуманизацијата која доаѓа со поклонувањето пред соседните земји. Западните безбожни елити и дел
Македонци, кои сега се на власт, едноставно копнеат за минливата моќ и престиж што ги добиваат од отфрлање на сопственото постоење.
Но не сите Македонци.
Јас, на пример, верувам дека се повеќе Македонци ги препознаваат лагите што ги кажува сегашната власта на Македонија, заедно со нивните овозможувачи меѓу западните елити. И верувам дека како што се повеќе Македонци стануваат и велат дека нема да живеат со овие лаги, дека Македонците можат да си ја вратат судбината во свои раце, само како Македонија, и само како Македонци.
Што значи ова, „не живејте со лаги?“ Според американскиот автор Род Дреер, чија
Последната книга е насловена „Не живеј со лаги“, тоа значи дека: „Солженицин призна дека обичните луѓето беа немоќни да ја променат ситуацијата“ под нивната влада, „но една работа тие сè што може да ја направат, а тоа е е да одбијат да се преправаат дека не гледаат што се случува или дека се согласуваат со тоа. Целиот систем беше лага, и до степен до кој можеа, мажи и жени со интегритет требаше да одбие да дадат согласност и да одбнијат да соработуваат“.
Во интервју кон крајот на својот живот, Солженицин рече: „Животот можеби е горчлив, но ние сме посилни, затоа што можеме да издржиме. Ако не можете да влијаете на ништо во голем обем, треба влијаете правејќи ја вашата работа колку што можете подобро, зачувувајќи го вашето семејство и помагајќи им околу тебе….да не живееш со лаги е вечен принцип“.