„Само гурај напред“, или скратено во СГН за да не се навреди префинетото друштво, била омилена изрека на Винстон Черчил кога сакал да каже дека, дури и ако патот е тежок, и ако си изморен, и ако почнуваш да правиш глупави грешки од премор, сепак треба да продолжиш да одиш напред. Меѓународното здружение на Черчил вели: „Черчил како војник и водач ја разбираше опасноста од дефетизмот и нискиот морал, па реши да даде пример за да ги инспирира другите околу него… и продолжи да 'гура напред'.
Оваа фраза постојано ми доаѓаше на ум при неодамнешната посета на Македонија. При дружбата на ручек, со пиење, смеење, разговарање, а понекогаш и трезвено рефлектирање на тоа што се случува во Македонија, и во животите на поединците, постојано се навраќав на оваа фраза која како да го олицетворува она што и треба на Македонија.
Да, во Македонија има нова влада и во неа се полагаат големи надежи дека ќе успее да ги промени работите, барем на економски план, но се уште постои една заднинска, здодевна, загрижувачка помисла дека, сепак, можеби работите нема да се подобрат. Настрана од прашањата на личните финансии, храната и грижата за семејството – колку и да се тие важни – има еден куп други прашања за кои Македонците се загрижени; човештвото, на крајот на краиштата, е многу повеќе од homo economicus. И фала му на Господа за тоа! Животот би бил ужасен товар ако го гледавме само низ призмата на парите.
Мислам дека ментално, интелектуално, Македонците се истрошени од бројните изминати години на неизвесност за нивната иднина, за иднината на нивните деца и внуци, и за тие што допрва ќе се родат. Изложени сте на постојани притисоци од соседните земји, како и од надворешни актери како што се Стејт Департментот на САД, ЕУ и НАТО, да се откажете од вашето име, вашиот идентитет и вашето достоинство, да не набројувам повеќе, а за возврат да добиете… што точно? Секако, имате членство во НАТО, но младите си заминуваат, а соседите бараат да отсечат ново парче месо од македонското ткиво. Сето ова е заморно, здодевно и крајно вознемирувачко. Поради своите внатрешни противречности и недоследности, ЕУ ги поставува своите барања, потоа ги поместува стативите и на крајот не успева да ги исполни своите ветувања и да биде достојна на своите таканаречени „вредности“. И Македонците знаат дека тоа така и ќе продолжи. Емоционално, сето ова може да исцеди човек, или цел народ. Не мора да е така, но може да биде, и го прави тоа и така стојат работите. Овој процес го зема својот данок од вас, и товарот може да биде тежок.
Културно, секогаш барам добри нешта во Македонија, и кај Македонците, бидејќи вие имате нешто уникатно да го понудите едни на други, и на светот. И секогаш кога сум во Македонија гледам добри работи – и учам нови работи – во оваа област од животот. Дали се работи за нови винарии и нови вина (една од моите омилени работи во Македонија), нови или проширување на постоечките можности за патување и туризам во земјата, победи во спортот или нови и потенцијални играчи во спортот или достигнувањата во областа на македонската музика, уметност, литература, секогаш барам – и гледам – да се случуваат добри работи. Се надевам дека тоа го можеш и ти; понекогаш, само треба да погледнете зад аголот.
Духовно гледам искри на надеж. Македонците се длабоко конзервативни кога се во прашање духовните работи, и додека Македонската Православна Црква е духовен водач во областите на верата во земјата, има место за добри луѓе од сите вери, бидејќи отсуството на верба во Бога не е верување во ништо, туку верување во сешто: следење на секоја мода, секоја нова „религија“, секоја опасна мисла, сеедно, честопати во исто време. Мојата итна молитва за Македонија – и за Македонската Православна Црква – е да има духовна преродба низ целата земја и каде и да се во светот Македонците да живеат, сакаат и се смеат. И мојата молитва е тоа да започне со Македонската Православна Црква и со православните верници. Како член на Македонската Православна Црква, се обврзувам и се молам да го направам мојот дел во ова.
Моето неодамнешно патување во Македонија ми даде навестувања, а некогаш и многу подлабок увид, во луѓе кои се во болка, луѓе кои се борат, луѓе кои се загрижени. Но, ми даде и навестувања, и понекогаш многу подлабок увид, во луѓе кои знаат дека, да, времињата се често тешки, но ние ќе продолжиме да гураме, ќе продолжиме да се движиме напред и да работиме кон нешто подобро, ако не за нас самите, тогаш дефинитивно за нашите деца, нашите внуци и оние што допрва ќе се родат.
И токму тој став на крајот ми дава на мене – и на нив – надеж: затоа што надежта е доблест која бара многу од нас, таа барајќи од како прво да имате храброст, а потоа да преземете акција, а сето тоа бара енергија.
Се сеќавам кога првпат стапнав во Македонија пред речиси три децении: луѓето често ги креваа рамениците, ќе се издишеа и ќе кажеа „Па, ќе преживееме“. Иако е разбирлив, овој став на дефетизам и низок морал, е опасен. За борба против тој став, сакам Македонија да направи направи повеќе од само да преживува – сакам Македонија да напредува. И знам дека Македонците можат да напредуваат затоа што ги видов како напредуваат. Да, понекогаш простото преживување е се што можеме да направиме, а ние само треба да продолжите да гураме напред. Но запомнете дека над сите неволји на светот - и реални и замислени – е нешто многу подобро – но на вас зависи дали ќе го подобрите. Готово е до тебе да го направиш тој чекор, а потоа следниот. Направете го тоа и ќе успеете.