„Љубовта е љубов“ е мрзлив аргумент
Конечно заврши „Месецот на гордоста“. Но дали навистина заврши? Рејчел Левин, роден како Ричард Левин, сега помошник секретар за здравство на САД, соопшти дека ќе имаме цело „лето на гордоста“. Точно, Рејчел е маж облечен во фустан кој треба да биде во затвор затоа што се залага за осакатување на деца. Но повеќе за тоа подолу.
Како и да е, лудилото продолжува. А од ова лудило, сакам да се насочам на главното тврдење на култот наречен ЛГБТ++++ - имено, да ги употребам нивните сопствени зборови, дека „љубовта е љубов“. Тоа е глупав, банален и мрзлив аргумент кој тие го поставуваат во нивните пискави барања. Еве зошто:
Ако „љубовта е љубов“, дали на 15-годишна девојка, која вели дека е заљубена во 29-годишен маж, треба да и биде дозволено да живеат заедно, да спијат заедно, да прават се заедно? Дали на 15-годишно момче кој вели дека е заљубен во 29-годишен маж, треба да му биде дозволено да живее заедно со него, да спијат заедно, да праватт се заедно? Дали на 15-годишна девојка, која вели дека е заљубена во 29-годишна жена, треба да и се дозволи да живеат заедно, да спијат заедно, да прават се заедно? Имаме примери за ова од вистинскиот живот.
Одговорот, за повеќето здрави луѓе, е „Апсолутно не. Тоа се деца кои не можат да носат такви одлуки“. Сосема точно. Сепак, има некои од прогресивната левица кои ќе кажат дека „секако треба да им се дозволи затоа што се сакаат!“ и тоа во која било комбинација. Поединците кои го поддржуваат ова треба да бидат соодветно означени како „поддржувачи на педофилија“ или, доколку тие самите го практикуваат ваквиот начин на живот, како педофили.
Сега, прашајте ги истите тие луѓе кои велат дека живеење заедно меѓу горенаведените возрасти и полови е во ред и прашајте ги дали на истото тоа 15-годишно момче, кое можеби мисли дека е девојче, или на 15-годишно девојче, кое мисли дека е момче, треба да и се дозволи да направат „транзиција“ во спротивниот пол. Тие луѓе, како г-дин Рејчел Левин погоре, ќе кажат „Апсолутно!“ За тоа, тие треба да бидат во затвор. Ако во овој случај родителите на детето се противат, ваквите луѓе ќе ви кажат дека „државата треба да интервенира и да го одземе детето“. Сето ова се прави под орвеловската фраза дека на децата мора да им се обезбеди „медицинска грижа за потврдување на родот“, во која, да го земеме нашиот пример погоре, 15-годишното девојче ќе биде ставено на разни хормонски третмани и потоа ќе и ги отсечат градите. 15-годишното момче ќе биде ставено на различни хормонски третмани и потоа хируршки ќе му бидат отстранети пенисот и тестисите. Веројатно нема потреба да ви потенцирам дека овие операции го менуваат животот и се неповратни.
И што ќе правиме тука? Дали на нашите 15-годишници треба да им се дозволи – па дури и да се охрабрат – да се изложат на неповратни операции кои го менуваат животот, но притоа да им забраниме да спијат со, во нашиот пример, постари мажи или жените? Нели „љубовта е љубов“, или не е?
Кај оние кои велат дека „љубовта е љубов“, но потоа се двоумат да се согласат со тоа 15-годишно момче да може да „сака било кого“, претпоставувам дека аргументот дека секоја „љубов е љубов“ почнува да се рони, како што и треба. Додајте ја на ова и следната компликација: што ако еден маж рече дека сака три жени (сите над 18 години)? Или една жена каже дека сака тројца мажи (сите над 18 години)? На крајот на краиштата, нивниот аргумент може оправдано да биде дека „љубовта е љубов“. Повеќето луѓе би рекле „не“ на овој аранжман, барем во формата на законски важечки брак. Значи, во овие случаи „љубовта не е љубов“ и сега поставивме граници на однесувањето.
Интересно е тоа дека за правилното функционирање и развивање на секое општество, и во животот, на нас ни се потребни граници. Границите ги имаме – и живееме според нив – секој ден од нашиот живот. Значи ако ги земеме погоре наведените примери, има граници во идејата дека „љубовта е љубов“, и тогаш се согласуваме, во најмала рака, дека треба да водиме дебата за тоа каде се тие граници и дека тоа е прашање кое не треба да биде диктирано одозгора. Во македонското општество, повеќето Македонци – од која било етничка припадност – се согласни дека тие граници треба да бидат поставени. Барем во бракот границите се таму каде што биле поставени во повеќето општества, наназад до мугрите на човештвото: дека бракот е заедница помеѓу еден маж и една жена.
Да се вратиме на прашањето за транзицијата на полот: ако возрасен маж или возрасна жена сака да премине во спротивниот пол, тогаш тоа е нивна работа: бркајте си работа! Има многу лекари кои се морални отпадници, подготвени да ја прекршат Хипократовата заклетва, затоа што има еден тон на пари кои се вртат во оваа индустрија. Да, станува збор за вистинска индустрија. Но, кога станува збор за деца: рацете подалеку. Овие луѓе треба да одат право во затвор. Македонците се повеќе ќе гледаат притисок врз децата да преминат кон спротивниот пол, особено во случаите на збунети деца на кои всушност им треба само време да размислете за нештата, им треба родителска љубов или грижа од други членови на семејството да ги пребродат непријатните тинејџерски години и заземјеност во реалноста.
Македонската православна црква – на која и јас припаѓам – неодамна беше на удар на критиките од дежурните левичари и прогресивци во и надвор од Македонија за нивната поддршка за начинот на кој живеел поголемиот дел од човештвото уште од почетокот на времето – дека бракот е меѓу маж и жена (дури и во античкиот и пагански Рим не ги поддржувале истополовите бракови - слободно проверете). Дојдоа напади и од луѓе како што е претседателот Пендаровски, веројатно охрабрен од американската амбасада. Ова е типична шема за западните земји. Левичарите/прогресивците ја напаѓаат верата, традиција, и семејство, и ги обвинуваат оние кои ја практикуваат и се придржуваат до верата, традицијата и семејството, дека се фанатици, хомофоби, трансфоби итн. Овие луѓе мора да бидат поразени и тоа треба да се направи преку убедување и рационални аргументи.
Проблемот со нашите левичарски/прогресивни пријатели е што тие навистина немаат добри аргументи и не сакаат да се замараат со делот за убедување, туку се повеќе сакаат да им ги наметнат сите овие глупости на другите. Не им дозволувајте. Користете логика и здрави аргументи (нешто што им недостига на левичарите) како и со сатира и потсмев кога и каде треба, и останете цврсти во она што знаете дека е правилно, во вашата вера, историја и традиција. Пред сè, погрижете се вашите деца да ја спознаат вистината. И запомнете: нема постојани победи или постојани порази - борбата никогаш не завршува.