Иронијата на Стејт департментот на САД и на нивниот „Тим за санкции“
Амбасадорката на САД во Македонија Ангела Агелер предизвика бура пред некоја недела кога го најави следново на Твитер: „Тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивно да ги разгледа минатото и актуелните корумпирани функционери и да ги разгледа сите можни мерки... на македонскиот правосуден сектор му се потребни повеќе истраги и обвинувања за да покаже дека никој не е над законот“. (таа го користеше зборот „С“ па затоа малку го изменив нејзиниот твит).
Претпоставувам, бидејќи употреби големи букви - Тим за Санкции - ова ќе биде нешто крупно. Во оваа колумна ќе го употребувам изразот Тим за Санкции™.
Еден Македонец и одговори дека твитот на амбасадорката е најактуелен твит во Македонија тој ден и истакна дека „многу граѓани пишуваат на твитот на [амбасадорката] велејќи дека таа е нашата последна надеж.. Добредојдое за Тимот за Санкции од Вашингтон. Крајно време беше!“
Македонци! Ве молам не полагајте надеж во мојата влада или во американската амбасадорка во Македонија или во Тимот за Санкции™. Огромното мнозинство од нив се не се добри луѓе - тие се измамници.
Продолжуваме понатаму: дозволете ми да образложан што е она што го прави амбасадорката и зошто сме тука каде што сме.
Како прво, Македонците и македонските институции се тие кои треба да ја ловат корупцијата внатре во Македонија. Не странците. Актуелната македонска влада, сепак, не може да го прави тоа, бидејќи тие се опиени од сопствената власт, аамериканската амбасадорка, американскиот Стејт департмент и Тимот за Санкции™ им овозможија да бидат корумпирани досега.
Како? Дозволете ми да изнесам неколку идеи - затоа ќе се вратиме неколку децении наназад.
Во 2001 година, а и во годините потоа, различни поединци и институции на американскиот Стејт Департмент, различни поединци и институции во рамките на Европската Унија и нејзините земји-членки и разни поединци во институцијата НАТО – сите тие тивко и зад сцената рекоа „не“ македонските власти сакаа да тргнат против Али Ахмети и високи членови на таканаречената ОНА (а потоа и ДУИ) за злосторствата што ги извршија.
Како резултат на тоа, Али Ахмети и неговите соработници никогаш не беа кривично гонети. Не само што никогаш не беа гонети, тие ја создадоа политичката партија ДУИ, и денес држат високи позиции – и сериозна моќ – во македонската влада и врз многу аспекти на македонското општество и македонскиот идентитет.
Научената лекција овде беше двојна: прво, Али Ахмети и неговите соработници се обложија, и беа во право, дека бидејќи буквално поминаа неказнети по убиства, измачување, трговија со оружје, дрога и жени, во иднина би се извлекле со секое друго кривично дело. И тие продолжија да шират корупција на секое ниво. Втората лекција беше дека каква било доверба Македонците имаа во институциите на правото, судството и слично почна бргу да испарува. Таа доверба не престана да испарува.
Целиот тој притисок врз македонските власти и институции да не тргнуваат по Ахмети и неговото највисоко раководство имаше перверзен ефект и ги деградираше сопствените институции на Македонија, пред се меѓу нив судството, и имаше перверзен ефект кој ја наруши довербата на Македонците во овие и други институции. Кога ги оставивме Ахмети и неговото високо раководство не само да останат на слобода, туку и да станат богати, моќни и горделиви, се создаде неверојатна недоверба кај граѓаните на Македонија и им се даде дозвола на другите да го злоупотребуваат системот и да станат се покорумпирани. Истовремено, целиот
овој притисок од страна на Стејт Департментот на САД и институциите на ЕУ/НАТО имаше негативен повратен ефект и го охрабри Ахмети и неговото високо раководство да се однесуваат уште полошо и да вршат уште повеќе злосторствата, овојпат, сепак, како таканаречени „политичари“.
Доаѓаме до 2015/2016 година - време на големи немири во Македонија. Бидејќи САД, Стејт Департментот и ЕУ/НАТО сакаа Македонија да постигне „договор“ со Грција за таканареченото „прашање за името“, тие ја игнорираа целата корупција во СДС и ДУИ (сега целосно одговорни во Македонија) и во нивното високо раководство, фокусирајќи се целосно на корупцијата од неколку членови на ВМРО. Повторно беа научени истите лекции од разврската на 2001 година: членовите на СДС/ДУИ сфатија дека тие би можеле да се извлечат со било каква корупција се додека им служат на надворешно политичките цели на САД/ЕУ/НАТО, а македонската јавност продолжи да ја губи довербата во владеењето право и правосудните институции и во самата идеја за владеење на правото.
Зарем ова не е иронично? Во текот на изминатите 30-тина години - на пример – УСАИД испраќаше експерти и трошеше долари од американските даночни обврзници за да работи со правосудните институции и поединци во Македонија, носејќи ги на обука, едукација и слично, со крајна цел на овие институции и поединците во нив да станат покомпетентни, да се придржуваат до владеењето на правото, да се непристрасни и да работат на сузбивање на корупцијата. Од друга страна, истовремено и државата САД и Стејт Департментот го правеа спротивното - тие бараа нивните надворешно-политички цели за Македонија да бидат број една, и во суштина, го поткопаа владеењето на правото и македонските институции.
Секако, имаше обиди за сузбивање на корупцијата во сегашната Влада на СДС/ДУИ – помислете на Катица Јанева, поранешната главна специјална обвинителка, Боки 13 и неколку високи членови на СДС – но многу од криминалите за кои се обвинети се минорни работи. Тие не се обвинети за многу поголемите кривични дела за кои беа осомничени. А која група на луѓе целосно се извлече без никакви обвиненија и обвиненија? Али Ахмети и неговата ДУИ.
До каде води сето ова ќе видиме во наредните недели и месеци. Но, останува фактот дека Стејт департментот на САД, ЕУ и НАТО придонесоа за недостигот на доверба меѓу Македонците во судството и владеењето на правото и растечката корупција. Се во служба на нивните надворешно-политички цели.