Гледајќи назад за да гледаме напред
„За време на мојот престој на Косово и потоа, секогаш имав силно чувство дека мојата земја, Соединетите Американски Држави, се непоколеблив поддржувач на Косово, низ добро и лошо“. Ова е дел од завршните мисли на пензионираниот американски судија Дин Пинелес, кој служеше како меѓународен судија во мисијата ЕУЛЕКС на Косово од 2011 до 2013 година, цитиран од Balkan Insight за актуелните тензии на Косово. Можете да го прочитате целиот текст тука - и од него ќе добиете јасна идеја дека пензионираниот судија го прифатил долгогодишниот наратив дека „Албанците се добри, а Србите лоши“, кој се чини дека, барем до неодамна, беше де факто наратив на САД и ЕУ за Косово. Читајќи го текстот, добив чувство дека судијата немал никаков контакт со Косово, Србија или со Балканот пред неговото пристигнување во Косово во 2011 година и немал никакво реално познавање освен што читал подготвени материјали.
Но, да се вратиме наназад, до на 3 јуни 2001 година, каде во Вашингтон се одржа седница на Сенатската комисија за надворешни односи, со која, иронично, претседаваше тогашниот американски сенатор Џозеф Бајден. Темата на седницата – записот можете да го прочитате овде – беше „Кризата во Македонија и американскиот ангажман на Балканот“. Меѓу различните сведоци беше и покојниот амбасадор Џејмс Пердју (1944-2021), име кое треба да им е познато на Македонците кои следат вакви работи.
Во своето воведно сведочење пред комисијата, Пердју меѓу другото, зборувајќи за различните чекори што владата на САД треба да ги преземе за „соочување со заканата од етничкиот албански екстремизам во Македонија“ рече и дека е потребна „активна дипломатија за да се осигура дека етничките Албанци во Македонија, Косово и во дијаспората ја разбираат штетата за албанските интереси што ја прават овие екстремисти, кои користат сила за да ја промовираат својата политичка агенда“. (Настрана фактот дека Косово во голема мера ги извезе своите борци во 2001 година во Македонија во обид да ја подели земјата на два дела).
Одговарајќи на прашање од сенаторот Бајден, Пердју образложуваше што може да се целите на албанските екстремисти: „...во основа, мислам дека целите на луѓето кои го водат овој бунт се желба за лична моќ за себе, и тие се прилично флексибилни за тоа што би можеле да прифатат. Мислам дека некои од нив би сакале да ја реализираат романтичната замисла за за Голема Албанија, но тие се веројатно многу малку на број. Мислам дека некои од нив би сакале да ја поделат Македонија. Но, на крајот на денот, мислам дека тие бараат поголемо политичко влијание внатре во албанската заедница и во Македонија и во Косово“.
Мојот омилен цитат на господинот Ахмети, кој тој никогаш не го демантираше, е од списанието „Њузвик“, од 22 март 2001. Во текстот „Проблематичен сон“, авторот Дејвид Биндер го цитира г-динот Ахмети како вели дека „Нашата цел е единствено да се отстранат словенските сили од територија која е историски албанска“. Три години по горенаведената изјава, вујкото на Ахмети, Фазли Велиу, пратеник од ДУИ и основачкиот идеолог на ОНА и на ДУИ, на 13 август 2004 година во Радуша, Македонија, изјави дека „Визијата на ОНА започна со Косово и ќе заврши со обединувањето на Албанците во иднина Голема Албанија, која ги опфаќа Македонија, Албанија, Косово и источно Косово… Манифестацијата во Радуша следната година треба да слави нова победа на обединувањето на Албанците.
И Патрик Бишоп, известувајќи во Телеграф на 13 март 2001 година, во напис со наслов „Македонија започна напади“ го напиша следново: „Албанските бунтовници во Македонија бараат таа да се подели по етничка линија и велат дека се подготвени да го втурнат Балканот во нов конфликт доколку не се исполнат нивните барања. Командант на ОНА во Косово го повика Западот да ја поддржи нивната кауза или да се соочи со последиците. „Ако меѓународната заедница сака уште една војна на Балканот, ние сме подготвени“, рече Ахмети во неговото прво интервју објавено во весникот „Факти“. И Синиша Јаков Марушиќ, кој известува од Македонија за уште еден левичарски медиум - Balkan Insight - го напиша следново за Али Ахмети и неговата банда „убиствени насилници и криминалци“, како што славно ги опиша Џорџ Робертсон, тогаш генерален секретар на НАТО. Марушиќ пишува: „На почетокот на конфликтот, ОНА се заколна дека ќе ги протера македонските безбедносни сили и ќе преземе контролата врз она што го смета за 'албански' територии на земјата, иако, како што одминуваше годината, ОНА ги ублажи своите барања“.
Затоа, мислам дека е фер да се каже дека горенаведените цитати го потврдуваат првиот дел од изјавата на Пердју за желбата за моќ, плановите за Голема Албанија и поделба на Македонија, и тие мотивации остануваат на сила до денес.
Продолжувајќи со сослушувањето во Сенатот во 2001 година, доаѓаме до моменотот кога тогашниот сенатор Роберт Торичели (демократ кој ја претставуваше државата Њу Џерси во тоа време), му го постави следното прашање на Пердју: „Амбасадоре, гледајќи на ова историски од перспектива на 20 години нанапред, дали луѓето ќе бидат остри кон САД поради нашите политики во Косово и Србија, со кои генерално учествувавме во нереално подигање на албанските очекувања, кои несвесно и за жал, можеби дополнително го влошивме?“ Пердју дава стандарден одговор дека Владата на САД се противи на „екстремистичките политички активности“, на што Торичели повторно одговара: „Моето прашање е за перцепцијата на Албанците, кои за жал сега се препуштија на насилство и водат терористички операции. Може ли да се каже, надвор од сегашниот контекст, дека тие имаат несреќен, погрешен впечаток дека пред нив е една голема можност?…“
Гледајќи наназад на оваа седница одржана пред 22 години, може да се каже дека сенаторот Торичели зборуваше пророчки: во отстапувањето на американските воздухопловни сили на Косово во 1999 година, и во бомбардирањето на она што остана од Југославија, дали САД им дадоа на Албанците – каде и да живеат – лажен впечаток дека САД засекогаш „ќе им го чуваат грбот“? Дали САД ги подигнаа очекувањата на Албанците – каде и да живеат – дека наративот секогаш ќе биде дека „Албанците се добри, а Србите (и Македонците од десниот центар) се лоши“? Дали акциите на САД во Косово во 1999 година им ја дадоа на етничките Албанци во Македонија идејата дека ќе бидат поддржани во сите нивни активности во Македонија, тогаш и сега?
Се чини дека токму тоа се случи – а косовските Албанци и нивните поддржувачи каде и да живеат – сега се шокирани од промената на политиката на која гледаат како на предавство. Или конечно доаѓаме до точка каде што вистината – дека на сите страни има добри и лоши актери – конечно се прифаќа и дека времето на додворување на раководството на етничките Албанци, особено во Косово, а се надеваме и во Македонија, е завршено?