За нарцистите, Бољшевиците и „кочничарите“
Нарцистите
Пред неколку недели косовскиот премиер Албин Курти ја посети Македонија, вклучително и населбата Чаир во Скопје и Тетово. Иако не можеш да погодиш дека бил во Македонија ако само гледаш слики на социјалните мрежи или на ТВ. Немаше ниту едно македонско знаме на повидок, а насекаде знамиња на Албанија и, се разбира, на Голема Албанија која опфаќа не само голем дел од Македонија, туку и делови од Србија, Грција и Црна Гора.
Се разбира, имаше голема реакција на овој настан и чувство дека албанскиот премиер на Косово повторно се меша во соседна земја, Македонија, за политичка полза. Или можеби прави нешто уште пострашно.
Како и да е, политичката партија Беса, една од помалите партии на албанското малцинство во Македонија, одговори на критиките преку нивниот потпретседател Блерим Сејдиу, кој наведе дека македонските политичари кои го кренаа својот глас против овие провокации самите си се виновни. Според еден медиумски извештај, Сејдиу рече дека „со нивните реакции на посетата на Курти, македонскиот државен врв го покажа својот етно-шовинизам, прикриен зад демократски говор“. Ова е класичен настап на насилник кој ја обвинува жртвата.
Да се оправдува однесувањето на Курти, неговите коментари и причината за неговото присуство велејќи дека тој, Курти, само сакал да ги подобри „регионалните односи“ е врв на албанскиот нарцизам затоа што, пред се,
тоа не е точно. Тоа беше и е нивното оправдување за тврдењето дека се во животот се врти околу нив, секогаш се се врти околу етничките Албанци, каде и да живеат, и околу нивниот статус на „жртва“. Нема живот надвор од оваа логика. Тие се фокусираат исклучиво само на себеси: „Гледајте ме мене и видете колку сум жртва“. Исто така и „Не можете ништо да направите за да го ублажите мојот статус на жртва и затоа секогаш мора да попуштате пред моите барања“. Ова се нарцисите.
Бољшевиците
Се разбира, лидерот на најголемата малцинска партија етнички Албанци во Македонија, Али Ахмети, а човек кој започна војна за да ја распарчи Македонија на два дела, човек кој е одговорен за убиството на невини луѓе, ранување на многумина, за трговија со оружје, дрога, жени и девојки, киднапирање и сексуално измачување. Но, тој е и човек кој учел марксизам/ленинизам на училиште. Како човек кој е на власт повеќе од 20 години, очигледно добро го изучил. Тој ќе ја напушти власта само откако ќе биде во ковчег.
Покрај него е она што според мене е помалата партија во владата, СДСМ, иако навистина треба да ја тргнеме буквата „М“ од нивното име бидејќи тие веќе не веруваат во македонскиот проект. Нивната партија беше Сојуз на комунистите на Македонија до 1991 година; како партија која ќе направи се за да се прилепи до власта, и тие исто така ги научија лекциите на Маркс и Ленин. Тие се стари бољшевици.
„Кочничарите“
Значи, кои се „кочничарите“ од насловот? Одлично прашање. Овој збор е во наводници со добра причина. За време на Стаљин (не дека ги споредувам Ахмети и Ковачевски со Стаљин), оние кои беа против државата, или се сметаше дека се против државата, беа означувани како „кочничари“ во согланост со член 58 од Кривичниот законик на Советскиот Сојуз. Најпознатиот дисидент на Советскиот Сојуз – и човек за кој верувам дека е најголемиот писател на минатиот век - Александар Солжењицин (Рус!) – беше обвинет според член 58 и осуден на осум години во гулаг, а потоа на прогонство. Што беше неговото злосторство? Го критикувал Стаљин во приватно писмо. „Кочничарите“ во Советскиот Сојуз биле обични мажи и жени кои или не направиле ништо лошо или направиле нешто што државата не го сакала.
Според мене, „кочничари“ во Македонија денес се, пред се, ВМРО-ДПМНЕ, но и други кои одбиваат да ги следат СДС/ДУИ и нивните управители во американскиот Стејт Департмент, во ЕУ, и други институции кои деновиве инсистираат дека „европската ориентација“ на Македонија била во длабока опасност бидејќи „кочничарите“ не се согласуваат да капитулираат пред Бугарија. (овие луѓе беа „кочничари“ и пред таканаречениот „Преспански договор“).
Интересно, нели, како некои од „кочничарите“ за време на разговорите за промена на името/идентитет беа уапсени и затворани? Дали овој пат ќе им се случи истото бидејќи Владата на СДС/ДУИ (и нивните шефови) инсистираат на тоа дека „европската ориентација“ на Македонија е загрозена поради
овие „кочничари“? „Кочничарите“ се Македонци кои всушност веруваат (барем повеќето од нив) дека Македонија треба да влезе во ЕУ, но тие имаат одредени црвени линии и граници (а во животот се се врти околку линиите и границите, правилно разбрани и применувани). Овие Македонци се вложија себеси и нивните семејства, и живите и предците, во идејата за
македонското достоинство и гордост. Тие го сакаат она што е најдобро за Македонија и за своите семејства, но не по цена на нивното достоинство. А сепак се лажно обвинувани како „кочничари“.
И владата на премиерот Ковачевски и различните малцински албански партии продолжуваат да го нарекуваат вака секој што ќе им се спротивстави (разни етнички албански политичари дури често навестуваат и отцепување), а сепак одбиваат да го признаат легитимното барања на Македонците кои иако сакаат членство во ЕУ, не се подготвени да си ја продадат душата за тоа.
Во парламентарна демократија, реториката и убедувањето треба да се користат од страната која бара да се донесе законодавството или менување на Уставот. Ако едната страна поднесе барање до Собранието но не може да ги собере гласовите потребни за тоа, тогаш на другата страна мора да и се дозволи да се испроба на чело на држават. Во практична смисла, тоа значи распуштање на владата и предвремени избори.
Би рекол дека е време за предвремени избори. Но, повторувам, не заборавајте дека имаме работа со нарцисти и стари Бољшевици.