Како прво: Очигледно имаме официјален став на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави: Во Македонија живеат Албанци и „православен народ“. Не Македонци туку „православен народ“.
Така вели заменикот државен секретар на САД Габриел Ескобар.
Би можел да бидам безобразен и да го наречам Габриел Ескобар по друго, многу попознато име. Ако тој одбива да ги нарече Македонците според нивното избрано име, и јас имам право да му дадат друго име. Но нема.
Во почетокот на февруари Ескобар даде пошироко интервју за издание наречено „Извештај Павловиќ“, за таканаречените земји од Западниот Балкан. Интервјуто беше главно Србија и Косово, но потоа новинарката прејде на други земји меѓу кои прва беше Македонија. Насловот на статијата е „Поглед на Западниот Балкан од внатрешноста на Стејт Департментот“.
Одговарајќи на прашањето за етничките односи меѓу Македонците и Албанците, Ескобар рече дека „Македонија е вистински пример за мирен соживот меѓу Албанците и православните луѓе.” Ескобар, се разбира, го користеше зборот на „С“ пред Македонија.
Ова е навистина неверојатен момент. Не сум видел нешто слично досега. Честопати гледам како користат сликичка од македонско знаме наместо придавката македонски, а како што вели еден пријател, знамето не е придавка.
Сум видел и граматички злосторства како овој пример од Балкан Инсајт: „...вклучително и овогодинешниот Северномакедонски натпреварувач“.
Често сум видел употреба на „...народот од Северна Македонија“ како и употреба на „Словени“.
Но, да се нарекуваат Македонците како „православни“ е навистина многу дрско. И крајно погрешно.
Но, како што вели насловот на статијата, морам да претпоставам дека тоа е како Стејт Департментот гледа на Западниот Балкан – и на Македонија.
Да го разгледаме ова подетално. Согласно изјавата на Габриел, излегува дека ова е точно:
Во Македонија нема Македонци, само група луѓе кои се „православни“, иако не наведе што „православни“.
Албанците не можат да бидат православни, затоа што, нели, Албанците се Албанци, а „другите“ се „православни“.
Во исто време, етничките Македонци не можат да бидат муслимани. Сигурен сум дека тоа ќе биде нова вест за Македонци кои ја практикуваат муслиманската вера.
Додуша, тука сум малку ироничен. Ескобар ги знае овие работи проклето добро.
А бидејќи Ескобар го знае сето ова, моето следно прашање е: зошто? Ескобар е искусен дипломат од американскиот Стејт Департмент со искуство во Западниот Балкан. Тој ги знае прашањата за имињата и идентитетот, особено кога станува збор за Македонија. А сепак тој ги етикетира сите
Македонците како „православни“. Зошто?
Да ги разгледаме можностите:
Дали Ескобар имал моментален лапсус на меморијата? Дали во моментот заборавил дека во Македонија живеат Македонци? Не ми се верува.
Дали Ескобар не сакаше да ги „навреди“ Албанците бидејќи претходно одговори на долго прашање главно за Албанците? Најверојатно не.
Дали Ескобар го направи ова за намерно да ве навреди? Мислам дека ова е единствениот реален одговор.
Дали ќе се извини?
Секако не! Тој е висок член на Стејт Департментот на Соединетите Држави и како таков, тој не може да згреши без разлика колку Македонци протестираат во амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје
или македонската Влада (што можете да го направите). До претставниците на медиумите: треба да се обратите до Амбасадата на САД и македонската влада и прашајте ги за ова.
И така продолжува: високи членови на американскиот Стејт департмент, НАТО, разните членки на ЕУ, државни функционери, претставници на ЕУ и други а) намерно ги нарекуваат Македонците „Северномакедонци“, б) користат јазична гимнастика за да се избегне употребата на придавката „македонски“, в) користат сликички од македонското знаме на местото на придавката, или, последната можност е крајно ниска, г) ги нарекуваат Македонците со сосема друго име.
А сега за НАТО: На 8 март, службата за односи со јавноста на НАТО објави кратко соопштение во кое беше содржана следнава реченица: „...тимот од експерти ќе им помогне на нивните северномакедонски колеги да ги анализираат неодамнешните хибридни напади...“ НАТО беше повикан за употребата на изразот „северномакедонски“ фраза, но не направи ништо во врска со тоа. На 22 март, НАТО објави уште едно соопштение со
со наслов „Посета на северномакедонскиот министер за одбрана на НАТО“. Повторно, тие беа прозвани за ова, но барем овој пат реагираа и го сменија насловот. Новиот наслов беше „Посета на НАТО на министерот за одбрана на Северна Македонија“.
Но, дали забележавте нешто? НАТО не може да се натера да ја користи едноставната и правилна придавка „македонски“ кога се опишуваат Македонците.
А потоа НАТО се чуди зошто не можат да изградат доверба со Македонците.