Албанци и куршуми
Што е работата со Албанците и куршумите? И тоа не се поблесавени само по куршуми, туку и по пиштоли, по насилство и башибозук. Дали оваа фасцинација потекнува од Исламот, светоглед кој употребувал и употребува насилство, и во неговите рани години, и сега, со цел да се прошири? Дали се заснова на фактот дека американскиот Стејт Департмент повеќе од еден век е ориентиран про-арапистички, а со тоа го промовира или барем го толерира ширењето на исламот, а со тоа и на Албанците? Дали Албанците се уште не можат да се ослободат од вековната традиција на крвна одмазда, и ќе им бидат потребни уште многу векови пред таа да исчезне? Зошто Албанците толку бргу се навредуваат, и толку потегнуваат пиштол?
Овие прашања ги поставувам во светло на најновиот пример кој се случи изминатиов викенд во Македонија. Со наближувањето на пролетните парламентарни избори, партијата на етничките Албанци, Алијансата на Албанците, предводена од Арбен Таравари, одлучи да застане на страната на другите опозициски партии на етничките Албанци во Македонија и да и се спротистави на ДУИ, партија предводена од Али Ахмети која произлезе од т.н „Ослободителната народна армија“, со која Ахмети започна војна во Македонија во 2001 година. Во рамките на Алијансата, сепак, е и поранешниот лидер Зијадин Села, кој не се согласува со Таравари и ја сака партијата да застане на страната на ДУИ и нивниот помал партнер СДСМ. И што се случи во текот на викендот? Во дворот од домот на Таравари во Гостивар бил пронајден куршум, оставен таму со цел да му се испрати порака . Ова не е првпат да се случи ваков инцидент во Македонија. А нема да биде ниту последен пат.
Точно, огромното мнозинство Албанци – каде и да живеат – се мирни луѓе и само сакаат да живеат мирно со нивните семејства, да работат и да повремено да одат на одмор - истото што го сакаат и повеќето други луѓе. Но, ако само го погледнеме текот на историјата - а особено настаните во Македонија во изминатите 30-ина години - ми се чини дека штом Албанците нема да добијат нешто што сакаат, или се изложени на најмала провокација - нивниот прв инстинкт е да пристапат кон насилство. И тоа не кон обични старовремски тепачки, туку кон насилство со ножеви и куршуми.
Еден од спомените кои ми се врежа во сеќавањето кога дојдов да живеам во Македонија беше во теретаната Атлета во Скопје. Еден човек помина прекумерно долго време на една справа, и кога му забележав за тоа тој веднаш се навреди и се закани дека ќе оди да го земе пиштолот. Јасно ви е дека човекот беше Албанец, облечен во тренерка, со златни синџири и баздеше на цигари. Да бидам фер, ова беше пред речиси 30 години, и оттогаш модата се смени, но ако човекот се уште е жив, се обложувам дека се уште е облечен во тренерки со златни синџири и смрди на цигари, иако веројатно веќе не оди во теретана.
Најзначаен пример на љубовта на Албанците кон куршумите, секако, е Али Ахмети, големиот губитник во Косовската војна. Тој не се почести со ништо од наградите кои ги поделија високите водачи на „Ослободителната војска на Косово“ по војната, па реши да дека најдобра опција за него е да започне своја сопствена војна во Македонија. Неговата првичната намера беше да ја подели земјата на два дела. Во интервјуто насловено „Проблематичен сон“ со Дејвид Бајндер во Њузвик на 22 март 2001 година, Али Ахмети рече дека „нашата цел е единствено да ги отстраниме словенските сили од територија која е историски албанска“. Ахмети никогаш не го негираше овој цитат иако во неговата ревизионистичка историја, која ја шират и неговите обожаватели и газди, се вели дека Ахмети убивал, ранувал, киднапирал и измачувал Македонци со цел Албанците да добијат повеќе права на Албанците. Иако тие настаните не се опишани баш вака.
И денес, одвреме-навреме, Ахмети и неговите ученици – како Артан Груби – повремено се закануваат со насилство ако не го добијат тоа што го сакаат. А ова ви го гарантирам: ако ДУИ не биде во следната влада – од која било причина – ќе се закануваат со уште повеќе насилство. Впрочем, ако ВМРО го добие мнозинството пратенички места и добие шанса прва да формира влада, ДУИ ќе се заканува со насилство и пред да се формира таа нова влада. ДУИ и други како нив, ги градат своите кариери, добиваат моќ и богатство преку насилство. Само прашање на време е кога насилството на крајот ќе ги зафати и нив.