Против фатализмот
Фатализмот е „начин на гледање на работите кој вели дека настаните се однапред определени, дека и луѓето се немоќни да ги сменат“.
Сакав оваа колумна да ја насловам „против катастрофизирањето“. Проверив, катастрофизирање навистина постои како збор, но не се користи често. Еден пријател предложи да употребам подобро познат збор и насловот да биде „против фатализмот“, и го послушав. Но мојата поента останува: пишувам да реагирам против начинот на размислување дека не чека неизбежна катастрофа и дека ништо не можеме да направиме во врска со тоа.
Ми се чини дека премногу Македонци се фиксираат на оваа идеја дека, поради минатите неправди кои им биле наметнати на Македонците и од домашни и од странски фактори, и во иднина неизбежно не чекаат нови неправди од домашни и од странски фактори, и што е најважно, ништо не може да биде направено во врска со тоа. Сигурен сум дека во иднина ќе има неправди кои ќе им се наметнуваат на Македонците и од домашни и од
странски фактори: таков е животот. Но, човек не мора да помине низ животот мислејќи дека дека сета надеж е изгубена. Напротив, вие имате сила да дејствувате и можете да контролирате некои процеси. И што е уште повфажно, веќе имате многу нешта за кои треба да бидете благодарни, а да бидеш благодарен е клучот за среќата и задоволството.
Но, да се вратиме назад на темата на катастрофите.
Многумина (веројатно мнозинство) од Македонците се оправдано гневни на политичарите во Вашингтон и бирократите во американскиот Стејт Департмент, на избраните и неизбраните политичари и бирократи
во ЕУ и во нејзините огромни организации, и на бирократите во НАТО, за неправдите што ги имаат извршено врз Македонија и Македонците. Од настаните во 2001 година, промената на името и на идентитетот, наметнувањето на поинакви видови на семејства, омаловажување на верата и традицијата, игнорирањето на легитимните протести на Македонците при сето ова, и понижувачкиот пристап на овие мизерни луѓе кон Македонија и кон Македонците. Сигурен сум дека секој од вас може да додаде свои забелешки на овој список.
А да не ги оставиме Македонците настрана од сето ова - точно знам дека многумина (повеќето?) Македонците оправдано се гневни и на избраните политичари и неизбраните бирократи во различните институции во Македонија, вклучително и во владата, гневни се на одредени медиуми, на многумина во невладиниот сектор, пред се поради нивното доброволно учество како квислинзи во истите овие неправди.
Повторно, мислам дека овој гнев е оправдан. Не помислувајте ниту за една скапоцена минутка од време дека овие мажи и жените кои се со просечна интелигенција и талент (но имаат премногу моќ) некогаш ќе го препознаат вашиот оправдан гнев, или пак дека ќе признаат што направиле погрешно. Една од придобивките да се биде еден од овие поединци е никогаш да не мора да признаат дека згрешиле и никогаш да не мораат да кажат: „жал ми е.” Тоа едноставно не може да се случи со овие луѓе.
Тие се виновни, знаат дека се виновни и никогаш нема да ви се извинат. А повеќето од нив се добро платени и и понатаму ќе бидат дебело платени за нивните многубројни гревови. Да употребам технички збор, понекогаш животот едноставно смрди. Вакви луѓе постоеле низ сите времиња и во секоја земја и цивилизација, и ќе продолжат да постојат.
Прашањето за вас, мои драги Македонци е, како ќе одговорите ан сето ова? Како ќе им реагирате на овие бедни нарцисоидни мажи и жени ги наведов, а потоа, како ќе реагирате понатаму во животот?
Одговорот на моето прво прашање, верувам, е да ги игнорирате овие никаквеци, до степен до кој може да се игнорираат. А ако не можете да ги игнорирате, тогаш исмејте ги и нив и фактот дека полагаат толку многу на нивната самоважност со сите тие титули и функции кои си ги доделиле, и кои се единственото нешто што им дава значење во животот. И продолжете да ги исмевате често колку што можете, зашто се вредни за потсмев.
На моето второ, и поважно прашање, одговорот верувам е, прво, да престанете да се фокусирате на овие таканаречени „катастрофи!“ Ова не се „катастрофи“ од кои вашиот живот ќе заврши или ќе завршат животите на оние што ги сакате, па дури ни „катастрофи“ од кои Македонија ќе престане да постои како независна национална држава. Тоа едноставно не е точно. Вистинска катастрофа, за вас како поединец, за вашето семејство, и за Македонија како национална држава би била вистинска војна, голем земјотрес или некоја друга, сериозна катастрофа. Престанете да фетишизирате „катастрофи“.
Второ, почнете да се фокусирате на она што е вистинско, искрено, праведно, чисто, убаво и добро - нешта што се доблесни и за пофалба. Овие нешта се насекаде околу вас - ако ги побарате. Фокусирај се на овие нешта и ќе почнете да создавате во вашата душа и во вашиот ум извор на надеж.
Трето, бидете благодарни за она што го имате во животот, почнувајќи од семејството и вистинските пријатели, а потоа проширете ја таа благодарност кон вашето здравје, фактот дека имате дом, исполнет со
многу добри нешта, веројатно возило (честопати повеќе од едно), работа (да, повеќето што го читаат ова има работа), и се останато. Бидете благодарни за оние кои биле пред вас, додека градите иднина за оние кои ќе дојдат по вас. Свесно посакувајте да бидете благодарни и, идеално, започнете го секој ден, и завршете го секој ден, со благодарност на Бога. Правејќи го сето ова ќе ви донесе среќа, а можеби дури и задоволство (што е многу поголемо, позначајно и трае многу подолго од обичната среќа). Патем, медицински е докажано дека среќата е добра за вашето физичко
здравје. Уште повеќе, веројатно ќе живеете подолго.
И конечно, правете се што е во ваша моќ за да ги промените работите на подобро. Запомнете, генерациите кои биле пред вас издржале разни тешкотии, жртвувале многу (некои ги жртвувале и своите животи) и работеле на изградбата на оваа земја, оваа идеја, овој идентитет наречен Македонија и Македонци. Ако вашиот талент е во образованието, тогаш пријавете се и научете ги младите што е правилно и вистинито. Ако вашиот талент е во културата и уметноста, тогаш искористете го во потрага по она што е убаво и добро. Ако вашиот талент е за бизнис, тогаш излезете и создадете работни места и богатство за вас и за другите. Ако вашата дарба е во политичката арена (и ако сте добра и чесна индивидуа), тогаш вклучете се таму. Секој од нас има талент за нешто. Разгледајте го вашиот дар - и потоа искористете го за доброто на себе си, вашето семејство, вашите пријатели и соседи и вашата земја.
Накратко: не ви се допаѓаат неправдите нанесени на Македонија? Тогаш кажете ми која е вашата визија Македонија и нејзината култура и потоа промовирајте ја. И престанете да „катастрофизирате“.