Артан Груби и Али Ахмети – вечно „дискриминирани“
Се чини дека Артан Груби и Али Ахмети нема да заминат тивко во заборав, и покрај фактот дека тие се веќе докажани губитници.
Со своите неодамнешни изјави тие уште еднаш покажаа дека никогаш нема да пропуштат можност да се прогласат за дискриминирани. „Дискриминацијата“ овојпат беше случајот на косовската претседателка на која и побараа да и ја проверат ташната на аеродромот во Скопје, а таа се повикала на дипломатскиот имунитет. Можете да ја прочитате приказната тука, но нема да ви досадувам со деталите бидејќи тоа не е главното во приказната.
Приказната во овој случај е способноста на Груби и другите да се почувствуваат „дискриминирани“ од се и сешто (дури и ако тие лично не се вклучени), и да имаат „повредени чувства“. Ова требаше да биде еднодневна приказната, но наместо тоа, беснееше неколку дена низ платформите на социјалните медиуми поттикната од етнички Албанци кои луто викаат (колку што може да се „викне“ на социјална мрежи) дека тие – и сите Албанците секаде и секогаш – се дискриминирани од Македонците. Еве што
Груби на Фејсбук напиша:
„Косово, прости ни!
Од господар до станар, од одлучувач до слуга, од горд до бакнувач, од достоинствен до безрбетник, од бело крзно до црно, од учен до неук, од храбар до кукавица, од владетел до роб, од победник до губитник, од Европа и Америка до Русија и Србија, од Али Ахмети до Иван Стоилковиќ!“
Тој - и таквите како него - само бараа сламка за спас и притоа ги собираа сите наводни навреда нанесени на нивната таканаречена „чест“ за која Албанците постојано ги потсетуваат луѓето. Но, она што тој и таквите како него навистина го бараат е изговор да се урне актуелната влада на Македонија и да се инсталираат себеси назад на тоа место.
Од своја страна, Али Ахмети повторно влезе во својот заканувачки мод на дејствување, за време на собирот на 13 август, на годишнината од потпишувањето на таканаречениот Охридски рамковен договор. Ахмети, меѓу другото, рече:
„Послушајте сите што мислите дека ние Албанците можеме повторно да се поделиме на добри и лоши Албанците... Македонците како народ можат да напредуваат само во комуникацијата и хармонија и со добри односи со Албанците... ова не ви го кажувам само вам, туку и на сите други македонски политички претставници. Соживотот, соработката можат да ја чуваат историјата, идентитетот, можат да го зачуваат нивниот националниот идентит, инаку пишано им е воопшто да не постојат“.
И двајцата гледаат на една непроменлива карактеристика на човекот - во овој случај, етничката припадност - и ја прогласуваат за света. Поради нивната непроменлива карактеристика - нивната етничка припадност како Албанци - тие не смеат да бидат навредени од било што или од било кого. И ако почнат да тврдат дека се чувствуваат и најмалку навредени, страната што ги навредила мора да се извини и да ја плати цената.
Груби и тие како него мислат дека имаат „право“ никогаш да не бидат навредени, но таквото „право“ не постои. И така, тој едноставно тврди дека тој и тие како него имаат „право“ да не бидат навредени и мислат дека ако кажат нешто доволно гласно, некој ќе им поверува.
Но, тука има нешто друго, нешто подлабоко, што помага да се објасни зошто Ахмети мора да зборува и постапува така како што прави. Тоа произлегува од 1999 година, од војната во Косово, и продолжува со неговиот обид да ја подели Македонија на два дела во 2001 година и трае до денес. И ова е клучното: Али Ахмети и ОНА, сега ДУИ, се поттикнати од незадоволството. И нивната огорченост го поттикнува нивното постојано зборување за дискриминација, за потчинетост и навреденост од се и сешто.
Треба да реагираме сериозно на овие нарциси кои тврдат дека се жртви, се жалат на дискриминација и се преправаат дека се „навредени“ од се. Овие луѓе не се достојни да бидат во владата, па дури ни застапени во јавноста. Али Ахмети, Артан Груби и другите слични на нив треба да бидат цел на сатира, треба бидете исмејувани и со смеа избркани од јавните платформи и од културното општество. Тие го влечат општеството назад, како самобендисани нарциси кои им кажуваат на Македонците, Албанците и на светот дека тие биле клучот за мир, и дека ако не се во центарот на вниманието, земјата ќе се распадне. (точно, тие ќе се обидат да дојде до распад ако не се во центарот на вниманието, на што ни укажува историјатот на нивното однесување).
Можеби треба да ги искористат парите што ги украле преку корупција и што ги имаат направено преку трговија со дрога, млади девојки и жени и оружје за да отварат „Универзитет на дискриминацијата“ во Шипковица каде што ги учат таквите како нив како да се чувствуваат по „навредено“, како да бидат „жртва“, како да се однесуваат како газда и како да им се закануваат на сите што не се согласуваат со нив.
Најголемиот проблем на Македонија деновиве не е Грција, Бугарија, Косово или било која друга соседна земја. Најголемиот проблем во Македонија започнува со корупцијата, а има и такви, почнувајќи од Груби и Ахмети, кои се обидуваат да распалат етнички конфликт за да ја сокријат својата корупција и да се скријат од последиците.
Иако бугарскиот амбасадор во Македонија неодамна беше виден на средба со Али Ахмети на разговори за кој-знае-што, за среќа, не верувам дека повеќето од нивните други омилени спонзори во меѓународната заедница нешто премногу се острат им помогнат и наместо тоа, веројатно ќе им олесни ако ДУИ остане надвор од владата. Но, како што видовме, тоа нема да ги спречи Груби и Ахмети да ја распалат нивната реторика – а можеби и да прибегнат кон други методи – за создавање конфликт.