„Молк селани“
Ова е накусо пораката што ја упати Џејмс П. Рубин, специјален пратеник од Стејт департментот на САД кој неодамна беше во Македонија.
Рубин, чија официјална титула е Специјален пратеник и координатор за Глобалниот Центар за Комуникации на Стејт Департментот, престојуваше во Македонија како дел од турнејата низ земјите од Југоисточна Европа каде дојде со цел да се бори против дезинформациите во Македонија и во светот, објави на Твитер на амбасадата на САД во Македонија.
Од Рубин видовме нешто што може да се опише само како невиден настап на надменост, понижување и општа глупавост, Рубин во видеото објавено од амбасадата на САД на нивната Твитер страница рече (не го измислувам ова) „...и се што би им рекол на оние што слушаат е, ако читате нешто или слушате нешто, и гледате дека тоа те лути, веројатно некој сака да ве натера да сте лути, и се обидува да ве раскара со вашите соседи, со вашите сограѓани и со други народи низ светот, со измислени приказни. Секретарот Блинкен и претседателот Бајден ме замолија да ја преземам оваа тешка задача која е новиот предизвик на нашето време…“
Повторно, ова е невидена надменост. Рубин е експерт во тоа. Понижувачки однос: Рубин им се обраќа од високото добро утро на Македонците како да се идиоти. Сигурен сум дека мисли дека Македонците се идиоти, исто како и амбасадорката Агелер и повеќето претставници на американскиот Стејт Департмент. Но, Македонците знаат подобро и ја знаат вистината. Општа глупавост: изјавата на Рубин со ништо не ја враќа довербата на Македонците во САД и, всушност, дополнително прави да се одвратат од се што велат или прават САД.
Конкретно, неговата мисија во Македонија беше да ви порача дека, ако не ви се допаѓа тоа што Бугарите го бараат од Македонија, и ако тоа ве лути, тогаш сигурно сте слушале некакви дезинформации, бидејќи се разбира Бугарите дека ве сакаат до смрт и сакаат се што е најдобро за вас и затоа треба да се откажете од вашите приговори и да прифатите се што македонската влада и Стејт Департментот на САД го бараат од вас, глупави селани: а тоа е да го смените вашиот Устав во согласност со барањата на Бугарите и да направите се друго што тие или било кој друг ќе го побара од вас од сега па до крајот на времето.
Последна работа што вреди да се истакне: ако ја прочитате неговата официјална биографија на веб-страницата на Стејт Департментот, ќе прочитате за неговото сериозно партиско минато: „Од 1989 до 1993 г. Рубин служеше како професионалец член на персоналот на Комитетот за надворешни односи и како висок надворешно-политички советник за сенаторот Џозеф Р. Бајден. За време на администрацијата на Клинтон, г-дин Рубин беше помошник државен секретар за односи со јавноста и главен портпарол на државниот секретар Медлин Олбрајт. Во 1999 година, тој беше специјален преговарач за да се организира демобилизацијата на Косовската Ослободителна Армија. Г-дин Рубин служеше и како виш советник и портпарол на американската претставничка во Обединетите нации Медлин Олбрајт (1993-1996)…“
И вреди да се напомене: тој беше дел од предизборниот тим на Хилари Клинтон за претседателските избори во 2008 година, а негова поранешна сопруга е Кристијане Аманпур од Си-Ен-Ен.
На паметниот му е доста.