Партијата е државата
Во неодамнешно интервју за Гласот на Америка, Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Македонија, рече нешто многу индикативно, што, ако разберете што кажува, е многу усогласено со материјалот кој лидерот и ментор на Османи, Али Ахмети, го учел во неговото училиште за марксизам и ленинизам.
Одговарајќи на прашањето за корупцијата во неговата партија ДУИ, Османи рече дека „тоа го нарушува имиџот на државата во време кога ја организираме досега најголемата министерска конференција на ОБСЕ...“ Османи уште повеќе навлезе во темата со тврдењето дека опозицијата води пропагандна кампања „за оцрнување на политичките противници, без да внимава дали со тоа и штети и на државата."
Со други зборови, обвинувањата за корупција во неговата политичка партија ДУИ и нанесуваат штета на државата, и на земјата Македонија и затоа е, ipso facto, штетна и за Македонија. Поедноставно објаснување е дека нивната партија е државата и не може да биде обвинувана. Ова е усовршување на идеите на ученикот на Ленин - Сталин: Советскиот Сојуз беше Комунистичката партија. ДУИ не е еднопартиска држава (сеуште), но, практично, таа е поголемиот партнер во односот со СДСМ и затоа ги контролира речиси сите лостови на моќта.
Ако обвинувањата за корупција на неговата политичка партија и „штети“ на државата, дали тоа значи дека политичката опозиција едноставно никогаш не треба да ги обвинува ДУИ или СДСМ дека згрешиле? Или можеби опозицијата треба едноставно да замолчи, да седне и да прави што ќе им се каже од партиите на власт? Дали нема корупција во ДУИ? Ова ли ни го кажува Османи? Дали ДУИ не може да згреши?
Османи би сакал опозицијата да биде пратена во затвор или протерана во странство. Но бидејќи неговата партија (сè уште) нема моќ да ја испрати целата опозиција во затвор или прогонство, следното најдобро нешто
е да тврди дека неговата партија, бидејќи е државата, не може да биде оспорувана. За среќа, повеќето луѓе не ги купуваат неговите бесрамни лаги и ќе продолжат, со право, да се спротиставуваат на неговата партија, вклучително и многумина во неговата партија кои се разделија и создадоа свои политички движења.
ДУИ е партија изградена на насилство, корупција, криминал, трговија со жени и девојки, оружје, дрога, убиства и слично. СДСМ е партија изградена на комунизам. Ниту едната ниту другата нема да се сомени. На крајот, ДУИ ќе исчезне или ќе се претвори во статистичка грешка, како и сите други партии на етничките Албанци во Македонија затоа што сите се изградени на истата работа: гледање само што е најдобро за Албанците - точка. Тие не се изградени на работи како што се создавањето работни места во приватниот сектор, владеењето на правото, безбедноста на државата, соодветно образование, функционален здравствен систем и сите работи
поврзани со нормална политичка партија. Не, агендата на сите политички партии на етничките Албанци во Македонија, сега, во минатото и во иднината се единствено сведени само на албанизмот. СДСМ, од друга страна, барем има дефинирана агенда која покрива повеќе прашања и ќе остане наоколу барем додека не ги научат лекциите од социјализмот и комунизмот, за што ќе треба најмалку уште една генерација.
Дотогаш, сепак, криминалот и корупцијата на двете партии ќе ја измачуваат Македонија и Македонците, и ќе ја цицаат крвта, а да не зборуваме за парите и капиталот, од земјата, ќе ги испраќаат младите луѓе во странство и ќе создаваат простор за се повеќе и повеќе дрски криминалци да дејствуваат.
Но, ве молам, не ја оспорувајте или обвинувајте ДУИ за ништо од ова, бидејќи ДУИ е државата.