Албанските политичари во Македонија ги интересира моќта, не политиката
Поради комплицираниот политички и изборен систем на Македонија, Талат Џафери, поранешниот претседателот на Собранието и министер за одбрана, даде заклетва дека ќе ја брани и претставува Македонија во следните 100 дена како привремен технички премиер.
Читајќи ги социјалните мрежи, човек можеше да добие впечаток дека Џафери штотуку победил на редовни избори и се подготввува да биде четири години на функција.
Да го тргнеме настрана фалбаџиството на социјалните мрежи кои вријат со коментари како „Албанците сега имаат тројца премиери во регионот“, и да го поставиме прашање кое досега повеќе пати сме го разгледувале на овие страници: за што всушност се залагаат политичарите-етнички Албанци во Македонија, освен
за пополнување на работни места во јавниот сектор со етничките Албанци и за таканаречената „европска ориентација“ на Македонија (сите разумни лидери во Македонија, од лево, десно или центарот, се за „Европска ориентација“ на Македонија. Единствената причина што СДС и ДУИ постојано ја повторуваат оваа определба е затоа што тие се обидуваат да инсинуираат дека ВМРО не е за Европа, што не е вистина). Единствениот одговор што можам со сигурност да го понудам на ова прашање е дека албанските политичари единствено ги интересира моќ. Наместо да зборуваат за практични политики кои ќе бидат добри за сите граѓани на Македонија, наместо да зборуваат за работи како отворање на работни места, зајакнување на владеењето на правото, борба против корупцијата кое тие зборуваат за тоа е „Албанците да владеат низ целиот свет!!!!“ Тоа не е политика, ниту пак ќе донесе нешто добро за било кого.
Воден од желбата за неограничена моќ поранешниот косовски терорист Али Ахмети, кој беше тргнат на страна од победниците во Косово, и објави војна на Македонија. Ахмети првично се обидуваше буквално да ја подели земјата на два дела, но бргу потоа почна да тврди дека се борел „за права“. Исто така воден од желбата за моќ, Талат Џафери, припадник на македонската армија кој дал заклетва дека ќе ја брани Македонија, ја промени страната и му се придружи на Ахмети и неговата таканаречена „Ослободителна национална армија“ во борба против луѓето со кои дотогаш служеше (вреди да се постави прашањето кое произлегува од името на таа таканаречена „армија“ - какво „национално ослободување“ бараа тие?)
Џафери, како и неговиот ментор Али Ахмети, е предавник, забодувач на нож во грб и токсичен терорист.
Според Република, Ахмети повикал на „единство, барајќи од луѓето да си подадат рака еден на друг, оставајќи ги зад себе прашањата кои предизвикуваат поделба“. Ова е чудно со оглед дека тој целата своја кариера ја изгради врз убивање Македонци во војната во 2001 година, во војна во која Џафери со задоволство му се приклучи. Иронично, Ахмети во истиот медиумски напис реторички прашуваа „Треба ли ние да им оставиме европска Македонија или проруска Македонија на нашите внуци?“ Ова е врв на иронијата имајќи предвид дека Ахмети е мајстор на непотизмот (клучен збор: внуци), при што им дава разни привилегии од приватниот и државниот сектор на своите внуци.
„Мир или конфликт? праша Ахмети. Ви велат дека човек кој започна војна за да подели држава нема право да ги поставува овие прашања, а камоли пак да бара нешто во државниот сектор. А сепак Ахмети е, тоа е сосем јасно, доста моќен човек во македонската политика, потпомогнат и поттикнат од страна на американскиот Стејт департмент и огромната надворешно-политичка служба на ЕУ. Зошто? Затоа што тој им го испорача на американскиот Стејт департмент и на огромната надворешно-политичка служба на ЕУ она што тие го сакаа: Македонија да го смени името и идентитетот. Притоа Ахмети, заедно со оние околу него, станаа доста богати.
Еден корисник на Х рече дека именувањето на Џафери за премиер во Македонија е „Обама момент“. Тој X корисник очигледно не ги проучувал расните односи во САД, кои сериозно се влошија за време на Обама, бидејќи професионалните расисти во Америка, и црни и бели, го искористија мандатот на Обама да притискаат за поголема моќ и богатство за себе, не грижејќи се ни малку за положбата на црните Американци или пак за односите меѓу црните и белите Американци.
Ако именувањето на Џафери за технички премиер е „Обама момент“ за Македонија, тогаш може да очекуваме односите меѓу Македонците и етничките Албанци во Македонија да почнат да се влошуваат. За среќа, Џафери ќе биде на функција само 100 дена, а повеќето анкети велат дека ВМРО ќе победи на следните
избори. Прашањето ќе биде дали ќе успеат да формираат влада? Што и да мислите за ВМРО, ама барем тие имаат дефинирани политики.
Али Ахмети и раководството на неговата партија се фокусирани исклучиво на политичката моќ, на искористување на јавниот и приватниот сектор, и на останувањето на власт за да се збогатат. Тие немаат политичка агенда, не се грижат за нивните гласачи - етничките Албанци во Македонија. Всушност, начинот на кој Али Ахмети и раководството на неговата партија гледаат на етничките Албанци во Македонија е идентичен на начинот на кој многу од прогресивните рни лидери во Америка како Ибрам Екс Кенди и таканаречениот „свештеник“ Ал Шарптон гледаат на црните Американци: овие лидери мислат дека нивните избирачи се глупави и мрзливи. Па така, им велат: „Дајте ми моќ и ќе ви дадам бесплатни работи на државна сметка“. Тоа е неверојатно снисходливо, а сепак се совпаѓа со ставот на Ахмети, Џафери, Груби, и многу други. Тие немаат агенда, само бараат моќ.
Впрочем, како Арбен Џафери од ДПА, и Имер Имери од ПДП пред него, штом ќе заминат лидерите, завршува и забавата. А тоа не може да се случи доволно брзо.