„Се сетивте на моето име!“
Енди, постар човек во рани седумдесетти години, малку подгрбавен од грижите на овој свет, ме виде во предворјето на модерен хотел во Тусон. Како што доаѓаше кон мене ја испружи раката. Јас го сторив истото и со широка насмевка велам: „Здраво, Енди, одлично што те гледам повторно!“ Неговите очи светнаа, а неговата насмевка се разлеа по лицето. „Се сетивте на моето име!“ извикна.
Двајцата сме таму за настан за клиент на мојата компанија. Го знаев од порано, од пред неколку години, кога беше вклучен со еден друг наш клиент. Енди тогаш доброволно и помагаше на една добротворна организација, потоа мораше да го напушти тој ангажман, но сега е волонтер за клиентот кој нè донесе и двајцата во хотелот во таа студена доцно-декемвриска вечер.
Според професорот Википедија, „бројката на Данбар“ е „претпоставена когнитивна горна граница на бројот на луѓе со кои може да одржуваме стабилни општествени односи - односи во кои знаеме која е секоја ендна личноста и како секој човек што го знаеме е поврзан со секоја друга личност“. Британскиот антрополог Робин Данбар ја предложил оваа теза во 1990-тите години и јас ја сметам за доста фасцинантна. Размислувам за тоа колку луѓе знам, ги познавам по име и повеќе од тоа. Бројката на Данбар изнесува 150, што значи дека, во просек, едно лице може да одржува здрави и конкретни врски со околу 150 луѓе. Не знам дали Енди би бил вклучено во мојата „бројка на Данбар“, но го знам името и презимето на Енди, знам дека тој волонтира во организации за кои се грижи – и тоа ми кажува нешто за што него, нешто многу важно.
Кога веќе зборуваме за имињата – нешто за што пишувам и зборувам скоро три децении, во однос на Македонија – мислам дека сите разбираме колку се важни имињата и колку ние, секој поединечно, сакаме да го слушнеме нашето име. Кога седнувам во ресторан, кога излегувам од продавница, кога и да комуницирам со некого, се обидувам да го запомнам неговото име да го употребувам. Тоа речиси секогаш предизвикува насмевка на нечие лице, што пак носи насмевка на моето лице. И тоа е уште една причина зошто секогаш ќе го кажувам и користам името Македонија – затоа што тоа е името што Македонците си го избрале, и го користат, и колку и да се мешаат одредени членови на македонската влада, странски земји, Стејт департментот на САД, бирократите за надворешна политика на ЕУ или кои било други, нема да го променат овој факт.
Но, оваа колумна не е за македонското име или политика. Со оглед на тоа дека македонските православни верниците (и јас меѓу нив) ќе го слават Божиќ оваа претстојна недела, да се осврнеме на празникот Божиќ.
Божиќ, се разбира, е кога денот христијаните ширум светот го слават раѓањето на Исус, Синот Божји, дојден да го спаси светот. Секако, спасоносниот дел од Неговиот живот не би бил возможен без Неговата смрт и воскресение, но тој прво требаше да се роди, целосно човек и целосно Бог. И затоа си даваме подароци еден на друг, затоа што првиот подарок на тој прв Божиќ беше самиот Божји син. И поради тој дар, можеме да имаме врска со единствениот вистински Бог на се што било, што е и што допрва ќе дојде. Навистина е воодушевувачки кога ќе седнете да размислите за сето ова.
Какви подароци им давате на другите, почнувајќи од вашето семејство, а потоа на сите останати? Освен даровите на физички, материјални нешта, што друго давате? Дури и ако имате малку, во смисла на материјалните благослови, можете да го подарите вашето време, како што тоа го прави мојот пријател Енди,
раздавајќи го своето време за потребите на другите. Можете да подарите добар пристап кон некој проблем, насмевка или ползување на нечие име, правејќи луѓето да се чувствуваат посакувано, потребно, важно. Може многу да се каже за грижата за потребите на другите во начинот на кој се однесуваме кон нив кога се однесуваме исправно. Дури и ако не го заслужуваат тоа, двајцата имаме корист од правилниот пристап. Ако ме прашате кој е најдобриот можен пат до мирот, во вашиот дом или во светот, би морал да кажам дека имањето правилен односи кон другите е добро место за почеток.
Во книгата „Божиќна приказна“ на Чарлс Дикенс, Духот на Сегашниот Божиќ му се обраќа на Ебенизер Скруџ, непосредно пред да го напушти, „Скруџ, никогаш нема доволно време да направиме или да кажеме се што посакуваме. Работата е да го искористите вашето време на ова земја најдобро што може, затоа што одненадеж веќе нема не си таму!“
Во годината пред нас, мојата желба - и мојата цел - е да направам повеќе за да го искористам најдоброто од моето време на оваа земја, особено кога станува збор за моите односи со луѓето, првин со семејството, потоа со пријателите, а и со целосни странци. Тоа често вклучува жртвување на сопственото време и моите потреби, но како што сфатив во текот на животот, многу поважно е да се има правилен однос со другите. И тоа помага да се има правилен однос Бога,. Се молам тоа да стане и твоја желба и цел.
Среќен Божиќ мое македонско семејство и пријатели!