„Лажни вести и дезинформации“
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски неодамна престојуваше во Вашингтон каде го шетаа како атракција, да се запознае со различни политичари, бирократи, аналитичари и универзитетски професори, а сето тоа како дел од напорите на јавноста назад во Македонија да и се покаже дека Македонија – и премиерот – се сакани, почитувани и имаат углед меѓу елитните класи во Вашингтон. Ваквите претстави редовно се организираат за разни политичари од секоја можна земја и значат малку во однос на подобрување на животите на нивните граѓани.
Меѓутоа, во некои случаи, ваквите состаноци може да доведат до политики кои им ги прават животите на граѓаните уште полоши.
Пример за ова е прашањето за споделување информации, или, како што рекоа во соопштението на Стејт Департментот - „лажните вести и дезинформациите“. Една од средбите на премиерот беше со Џејмс Рубин, специјален пратеник на Стејт Департментот на САД и Координаторот на Глобалниот центар за ангажман кој и самиот неодамна беше во Македонија и разговараше на истите теми. Двајцата потпишаа меморандум за разбирање (МОУ) со кој „ќе се овозможи поблиска соработка во сè повеќе виталните напори за борба против лажните вести и дезинформациите, заштита на демократските процеси и градење на отпорни информациски екосистеми“. Во тој дух на транспарентност, се надевам дека Владата на Македонија и/или Стејт Департментот на САД ќе ја објават содржината на овој меморандум.
Има еден проблем со сето ова - кој може веќе го претпоставувате - проблемот е што елитата во последно време сешто прогласува за „лажни вести и дезинформации“. На пример, ако за Дилан Мулвејни (кој е „транс
жена“ и сега веќе главен инфлуенсер во Соединетите Американски Држави) кажет дека е маж, ќе ве сметаат не само за ширач на „лажни вести и дезинформации“, туку во некои кругови ќе ве обвинат и за говор на омраза, иако останува како факт дека Дилан Мулвејни е маж, ексцентричен геј маж кој заработува милиони долари така што ги понижува жените.
Или, да дадам пример поблизок до Македонија (бидејќи засега се уште не сум видел некој локален инфлуенсер маж да се преправа дека е жена во Македонија), да го земеме примерот на Џејмс Рубин и неговата посета на Македонија во април. Додека ги повикуваше Македонците да ги прифатат детските барања на Бугарија во македонскиот Устав да бидат вклучени и Бугарите, Рубин обвини дека „странските дезинформации“ се причината за тоа што повеќето Македонците ги отфрлаат бугарските барања. Рубин инсинуираше дека некој, некаде, шири лажни или лажни информации за бугарските барања кога вистината е дека на Македонците едноставно им е преку глава некој да им кажува дека мора да отстапат уште повеќе од нивниот суверенитет и идентитет само за да се приклучат на овие различни меѓународни клубови.
При целиот процес на приклучување на Македонија во ЕУ – како и процесот на зачленување во НАТО – вината се префрлаше врз „лажните вести и дезинформациите“ кога, повторно, Македонците беа едноставно уморни од тоа да мора да се откажуваат од своето име, од својот идентитет и од својот суверенитет.
Ова ме враќа на Меморандумот за разбирање и што тој точно ќе значи за Македонија, имајќи предвид дека Стејт Департментот на САД сега е дел од тој Меморандум за разбирање, а амбасадата и амбасадорката на Кале внимателно ќе ја следат македонската владина политика и како таа се поврзува со она што и македонската и американската влада го означуваат како „лажни вести и дезинформации“. Како мислат тие да ги регулираат или извршуваат одлуките за овие информации, што сигурно ќе се обидат да го направат. Меморандумот за разбирање наведува дека ќе има „соработка меѓу двете НАТО сојузнички во борбата против манипулацијата со информациите“. Значи, бидете предупредени и очекувајте борба со нив.
Дали, на пример, на Македонците ќе им биде дозволено да кажуваат или пишуваат јавно или на своите социјални мрежи, дека бугарската влада во Втората светска војна била составена од фашисти? Или дека некои членовите на бугарската влада се уште се однесуваат како фашисти? Дали Македонците ќе можат да кажат дека бракот е света обврска помеѓу маж и жена, или ќе им биде кажано дека тоа е „дезинформација“ и дека со тој став шират омраза? Дали Македонците ќе можат да кажат дека мислат дека етничките албански политичари во Македонија насобраа премногу моќ и привилегии под превезот на тоа дека се наводни жртви - и со употреб ана закани?
Списокот продолжува и можете и самите да додадете разни примери, но мислам дека ја разбирате мојата поента: како ќе реагираат Стејт Департментот на САД и нивните очи и уши на Калето, на ваквите „лажни вести и дезинформации“, особено ако Стејт Департментот и Калето и кажуваат на македонската Влада (која веќе е под контрола на ДУИ) што, кога и како да прават.
Во некоја друга прилика ќе пишувам повторно за ова, но можеби треба да размислиме за создавање на организација налик на Сојузот за слободен говор во Британија - непартиска група која се бори за слободата на говорот - или пак нешто налик на Фондацијата за индивидуални права и говор во САД.
Во меѓувреме, очекувајте дека владите на САД и на Македонија ќе ги користат нивните искривоколчени дефиниции и јазични гимнастики во обид да ве замолчат.