Извршителите на насилството се уште се со нас
Еден ден Али Ахмети ќе го нема. Ќе замине од политичката сцена, од насловите на вестите, ќе замине од земјата. На крајот сите умираат.
А сепак, веќе 22 години тој е несреќна појава во Македонија и во македонската политика. Тој беше – а би рекол дека сè уште е – извршител на насилство. Тој почна војна во која невини луѓе беа убиени, киднапирани, изложни на сексуално измачување, во која полицајци и војници беа напаѓани од заседа и убивани на страшни начини. А сепак, по извонредно краток период, тој беше прогласен за човек на мирот.
Ахмети – и многумина околу него – сè уште се луѓе на насилство. Но, тие носат одела, разговараат и се сликаат со странски амбасадори, дипломати, политичари и други, и се фалени како луѓе со кои може да се врши работа. Денес нивното насилство е помалку видливо, и се врши во темни простории каде се собрани дилери на дрога, шверцери на оружје, се врши перење пари, трговија со жени и девојки и слично. Овие активности придонесуваат за разни видови насилство, кое некогаш се прелева на јавна сцена, како што гледаме со скорешните, – и се подрски – убиства во мафијашки стил.
Овие проблеми само ќе растат како што други лица почнуваат да го предизвикуваат Ахмети и неговите насилници. Кога нивната моќ и престиж се загрозени, ќе зачестат случаите на вистински сурово насилство; и повторно ќе бидат убивани невини лица.
Во партијата ДУИ на Ахмети има поделби, има поделби и во помалата владејачка партија СДСМ, како и меѓу новиот коалициски партнер Алијанса на Албанците и ДУИ, и овие поделби не се залечуваат. Етнички Албанци Ахмети го нарекуваат „најголемото зло во оваа земја во изминатите 21 година“, и тоа го прават отворено и директно. Ахмети лично го подготвуваше Арбен Груби да го потпише договорот со Бехтел (без тендер), па Груби сега исто така е директно нападнат, вербално и преку други средства за заплашување (неговиот автомобил неодамна беше запален). Нема воопшто да се изненадам кога сето ова ќе прерасне во отворена престрелка.
Ахмети е стар човек. Гласини за неговите проблеми со здравјето се шират со години. Земајќи предвид колку пуши, сигурно е дека проблемите што ги имал не се подобруваат. Од претходните двајца лидери на етничките Албанци во Македонија во изминатите 25 години, Арбен Џафери го напушти овој свет на 64 години, а Имер Имери на 66 години. Нивното пушење сигурно не им помогна. Ахмети има 64 години.
Оние кои го поддржуваат Ахмети и насилниците околу него изминативе 22 години – разните амбасадори на САД и ЕУ, разни политичари во Македонија (да, од левицата и од десницата) американскиот Стејт Департмент и бирократите во ЕУ, НАТО и други – сите тие бавно но постојано го прекинуваат нивниот однос со Ахмети, кој наскоро веќе нема да им биде од полза. Тогаш ќе го отфрлат него и насилниците околу него како корисни идиоти и некогаш корисни алатки.
Да, одвај чекам ова да се случи. Премногу луѓе страдаа како резултат на тоа што овие насилници се шетаа по земјата. Но, повторно, ништо не трае вечно и овие луѓе на насилството ќе ги снема во одреден момент.
Иронично, нели? Ахмети и неговите насилници започнаа војна со цел да ја поделат Македонија на два дела и никогаш не беа кривично гонети. Од друга страна, група поединци кои ја бранеа Македонија беа кривично гонети. Горе е долу, левото е десно, а вистината е лага, и така натаму. Ахмети и насилниците околу него не одговараа за буквални убиства. Понатамошна иронија е тоа што Ахмети и насилниците кои ја започнаа војната ги оправдуваа своите постапки и тогаш и сега преправајќи се дека се жртви; тие се секогаш жртви и мора да добиваат се повеќе и повеќе како надомест. Се покажа дека е многу исплатливо да бидеш жртва. А сепак во правењето на сето ова тие доброволно се откажаа од сопствената иницијативност, и се расипаа и себеси и општеството.
Ахмети и луѓето насилници околу него сè уште се со нас, се слават и слават, дури додека нивните жртви бараат правда. Но, пукнатините се шират и еден ден Ахмети и неговите насилници ќе ги нема. Со нетрпение го очекувам тој ден; Македонија и Македонците се нетрпение го очекуваат тој ден.