За македонските работи
Отворено писмо до меѓународните претставници кои работат со или во и известуваат или пишуваат за Македонија
13 мај 2024 година
Почитувани меѓународници -
Повеќето од вас (но не сите) очигледно имаат сериозен проблем со Македонците кои едноставно сакаат да бидат признати како Македонци, како Европејци со малку достоинство и чест. Ова е очигледно не само за мене, туку и за нив, за што сведочи како пишувате и зборувате за нив.
Македонија има нов претседател, а наскоро и нова влада, кои ќе имаат јасно централно-десничарска ориентација, а од 1991 година се отворено проевропски и про-НАТО насочени во своите изјави и пишувања, а вие сепак правите што можете за да ги претставите дека не се такви. Да наведам три примери:
Од медиумите:
Радио Слободна Европа за новоизбраната претседателка на Македонија Гордана Силјановска - Давкова: „...од неа се очекува да следи поскептична линија во однос на долготрајните обиди за приклучување на земјата кон Европската Унија“. Тоа не е вистина. И новоизбраниот претседател и новата влада се проевропски; но тие одбиваат да го прифатат детинестото однесување на Бугарија која бара Македонија за почеток да го промени својот устав и да ги вклучи Бугарите во него. Далеку од тоа дека се евро „скептични“, новите лидери на Македонија едноставно предложија алтернативни решенија, како што е менување на македонскиот Устав за да го одрази горенаведеното, но дури откако Македонија конечно влезе во ЕУ, од едноставна причина што тие – и повеќето Македонци – веруваат дека Бугарија ќе продолжи да поставува нови претерани барања (Бугарија смета дека Македонците се Бугари и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот). Но за вас меѓународници, „не постои друга алтернатива“.
Од аналитичките центри:
Германскиот Маршалов фонд за претседателката Гордана Силјановска - Давкова го вели следното „...но нејзините активности може да ги зголемат шансите на проруската партија ВМРО-ДПМНЕ во важните натпревари за законодавниот дом“. Ова е целосна лага. ВМРО-ДПМНЕ се залагаше членство на Македонија во ЕУ и НАТО од 1991 година; тие никогаш не биле „проруски“. Забавен факт: статијата е напишана од двајца млади бугарски членови на германскиот Маршалов фонд.
Од дипломатскиот кор:
Поранешниот шведски амбасадор во Македонија, Матс Стафансон, коментирајќи го одбивањето на Силјановска - Давкова да го употреби зборот на „С“ за време на нејзината инаугурација, напиша: „Ова мислам не е најпаметен потег на новата претседателка. По пет години повторно да се отвори „спорот за името“ со Грција нема да го скрати и онака предолгиот пат на (македонското емоџи знаме) до ЕУ. Но, претпоставувам дека (руското емоџи знаме) гледа нови можности“. Истата стара приказна што ја имаме видено и порано: десницата во Македонија била „проруска“.
Претпоставувам дека ова го направите ова поради една од следните двете причини. Прво, повеќето од вас се дипломати, бирократи, новинари, аналитичари, професори и и политичарите, кои имаат свој светоглед кој може да се опише како општо земено прогресивен. Вашиот идентитет и државјанство се „граѓанин на светот“. Апаратчик кој работи во Стејт Департментот во Вашингтон има повеќе заедничко со политички репортер на Фајненшл тајмс од Лондон отколку со граѓанин на, да речеме, Вичита Фолс, Тексас. Твојот Бог е твоето Јас. Вашата историја е вашата повисока функција, поважна титула и напредување во организацијата во која работите, додека шетањето по луксузни хотели е потврда на вашата моментална моќ. Во исто време вие сте снисходливи и од високо гледате кон оние кои веруваат во Бог, се гордеат со сопствениот идентитет и државјанство и имаат своја историја. Овие луѓе (без разлика дали се во вашата земја или во Македонија), вие ги сметате за огорчени, заостанати, глупави и селски тикви на кои им треба да бидат просветлени од вашата добронамерност. Како што Сквилер им рекол на животните во Животинската фарма, „Никој не верува поцврсто од тоа Другар Наполеон дека сите животни се еднакви. Тој би бил пресреќен да ви дозволи самите да одлучувате за себе. Но, понекогаш може да донесете погрешни одлуки, другари, и што правиме тогаш?“
Втората можна причина е тоа што, со овој масовен пресинг врз Македонците, вие како навистина да сакате ова за што ги обвинувате да се претвори во вистина: како да сакате Македонците да влезат во отворените прегратки на Вујко Владимир за конечно да добиете докази за тоа што денес го тврдите и да кажете „А-ха! Еве ги - проруски се!“ Ако е така, вие сте гнасни, бедни кретенски лиглиња.
Во секој случај, вие давате ветувања, а потоа ги прекршувате. Ги извртувате зборовите и се криете зад старите, изветвени обвинувања. Отворено кажувате лаги. Македонците добро знаат дека лажете. Знаат и дека и вие знаете дека лажете. Ова е причината зошто тие не ве почитуваат вас или вашата агенда. На Македонците им велите дека имате вредности, но она што ви недостига се доблеста, пред се чесноста. Немате никаква врска со поимите за принципте за основна правичност и пристојност, како да мислите дека тие се само за будалите.
Како дојдовме до тука? Како прво, кога Македонија аплицираше за влез во ОН, Грција се спротивстави на нејзиното членство наведувајќи го како проблем само името на државата, што беше барање без преседан. Македонија ги исполни сите критериуми за членство, но Грција рече: „Само уште една работа“. Второ, Македонија и Грција потоа ја потпишаа Времената спогодба со која Македонија се зачлени во ОН и почна да се движи кон членство во ЕУ и НАТО. Попат, Грција ја прекрши во повеќе наврати оваа Времената спогодба.
Трето, сега се наоѓаме во оваа точка во времето бидејќи претходната македонска влада не само што ја игнорираше, туку и целосно го прегази принципот на Лок за „согласност на владеените“ на референдумот на 30 септември 2018 година во кој ги праша Македонците дали се подготвени да го променат името на својата земја за да влезат во ЕУ и НАТО. Познато е дека референдумот славно не успеа, но социјалистичката Влада, во соработка со помалиот коалициски партнер (која со текот на времето стана поголемиот партнер) - партијата на етничките Албанци која произлезе од терористичка организација која никогаш не се грижела (ниту денес се грижи) за името на Македонија и за македонскиот идентитет, рече дека референдумот е валиден и потоа употреби мито, апсења и закани за апсења и повеќе такви методи за да убедат неколку членови на Собранието да гласаат со мнозинството за одобрување на таканаречениот договор од Преспа и за промена на македонскиот Устав.
Кога се решаваат големи прашања - а промената на името на сопствената земја очигледно се смета за „големо прашање“ – навистина би требало да имате согласност од најмалку 51 проценти од граѓаните.
А што ви беше ветувано за оваа промена? Грција ќе се откажеше од барањата и вие ќе дојдевте до сончевите ледини на членството во НАТО и ЕУ. И навистина: Македонија го доби членството во НАТО. Но, нешто смешно се случи на патот кон ЕУ: Бугарија виде дека Грција го доби она што го сакаше и одлучи дека сака и таа игра користење на измислени билатерални прашања да ја уценува Македонија. И денес сме таму каде што сме.
Од осамостојувањето на Македонија како модерна национална држава, сите вие се криевте зад своите стари, уморни изјави, од кои омилена ми беше оваа верзија „Па знаете, Грција и Бугарија се во клубот, а вие не сте, па можете само да бидете послушни и да го правите она што тие ќе ви го кажат“. Со повторувањето на оваа приказна до повраќање вие се покажавте како кукавици и морално фалични.
И сега сакате да им се одмаздите на Македонците затоа што се осмелија да ви се спротистават. Ќе се осврнам на ова прашање во отворено писмо до Македонците, објаснувајќи како ќе го сторите тоа, но еден пример е веднаш видлив: вашата сè поотворена употреба на придавката „северномакедонски“ во опишувањето на сè што е и што треба да биде - македонско. Вие тоа намерно го правите за да измислите некакви„Северномакедонци“, народ кој никогаш не постоел, не постои и никогаш нема да постои.
Ова се витално важни прашања за Македонците кои засегаат директно во срцето на постоењето на Македонија: да продолжи да постои како независна национална држава. Размислете за ова (што го напишав во септември 2020):
Лук Кофи е експерт за надворешна политика во Фондацијата Херитиџ* во Вашингтон, што е конзервативен и влијателен аналитички центар. Кофи, кој е мој пријател, беше во Македонија во неколку наврати и е пријател на Македонија. Пред да биде потпишан таканаречениот „Договорот од Преспа“, тој напиша дека „Во наш интерес [на САД] е да има политичка стабилност во Македонија. Секое име за кое Македонија преговара со Грција мора да добие широка народна поддршка или ќе ризикуваме нестабилност во земјата. Македонците мора да чувствуваат дека секој постигнат договор го зачувува нивниот единствен идентитет. Во спротивно, неуспехот да се добие домашен консензус за договорот може да доведе до поголеми проблеми и нестабилност во иднина“.
Поентата ми е следната, а можете да ја прочитате овде: Идентитетот на Македонците е национален безбедносен проблем.
Знам дека картите се наредени против Македонија. Знам дека ако сите вие исчезнете денес, нова група луѓе – токму како вас – уште утре ќе стапат на сцена затоа што вие ги заробивте институциите низ вашиот долг марш низ тие институции и одглeдавте нова генерација на дипломати, бирократи, новинари, аналитичари, професори и политичари кои мислат и веруваат исто како вас. На крајот, ќе изгубите; едноставно не разбираш како.
Со почит,
Џејсон Мико
*Лук Кофи сега е виш соработник на Институтот Хадсон