Деновиве изгледа дека Македонците стануваат малцинство во нивната сопствена татковина. Македонското Собрание се претвори во уличен пазар. Тоа веќе не е место каде што се носат закони, и се дискутира за политиките. Таму сега се тргува со лукративни позиции во Владата, министерства и други функции. Најсвеж пример е како партијата на албанското малцинство Алтернатива реши да стане дел од режимот на Заев, и да му даде мнозинство на Заев, барем за уште неколку недели или месеци пред целата оваа кула од карти да се урне. Но Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, успеа да изценка висока цена за да влезе во коалицијата - три министертва во Владата. Зависно од тоа како ќе се одвиваат натамошните преговори, можно е етничките Албанци да имаат десет министерства, а етничките Македонци да имаат исто десет. Но можно е пазарењата да се прошират, бидејќи водачите на етничките Албанци во Македонија како да забораваат дека има и етнички Срби, Турци, Роми и други во коалицијата - кои исто така ќе сакаат да бидат намирени. На крајот на краиштата, за да се задржи на власт (независно дали е премиер или не) Заев може да се согласи етничките Македонци да станат малцинство во македонската влада. А веќе имаме протести од некои од неговите други коалициски партнери, како ЛДП, ДОМ и ДС на Павле Трајанов.
Share this post
Македонците стануваат малцинство?