1 Comment

Демократски решенија за деспотизмот во Христијанското Православие

За најновиот пример на нов деспотизам во Македонската Православна Црква и Екуменскиот Патријархат во Истамбул, тешко е да се надмине Одлуката на само прогласените Свети и Свети Синод на 9 мaj, 2022 година.

Неизбраниот грчки доминиран Синод, има тесно соработувано со анти-Македонските политички и религиозни елити во Грција, Европската Унија, САД и во Република Македонија да ја комплетира кражбата на Македонскиот идентитет, култура, историја, човекови права и верски слободи.

Синодот го признава името на Црквата како ‘Akridos’ (разбрано во местото нa јурисдикција само во територијата на Република Македонија), како што било ветено писмено до Екуменскиот Патријархат и на Приматот, исклучувајќи го терминот Македонска или било кој дериватив од зборот Македонија.

Екуменскиот Патријархат потврдува дека ќе биде интересиран во зората, прогресот и стабилноста на овој црковен идентитет од Arhridos исто тако што наводно била низ вековите за други локални Православни Цркви.

Патријархот во Истамбул ги заборава фактите на земјата Македонија.

Во 1767 година, Екуменскиот Патријарх го убеди Султанот да ја укине Македонската Православна Црква од Охрид. За жал овие обиди продолжуваат до ден денес.

Од Берлинскиот Конгрес во 1885 година, Грчката Црква ја поттикнуваше насилната кражба на Македонската земја и на духови преку градење на грчки цркви под Отоманската империја.

Никој не ги разбирал грчките свештеници бидејќи зборувале на странски јазик кон домородното Македонско население. Грчки свештеници давале мито на платеници за да ги напаѓаат оние Македонци кои се противеа на нивното деспотско лудило.

Во 1913 година, Грчката Православна Црква работеше во сојуз со нивниот Германски Монарх незаконски да анексираат 51% од земјата Македонија. Извештајот на Карнеги за Балканските Војни во 1913 г. Документира присилна асимилација, етничко чистење и уништување на сите историски и религиозни врски со Македонскиот идентитет.

Македонија беше поделена во 1913 г. помеѓу кралствата на Грција, Србија и Бугарија без согласност на Македонскиот народ. Британската империја, Франција и Царска Русија имаат крв на нивните раце за поделбата на Македонија. Империјалистите ја дадоа Македонија како подарок на Балканските кралства во замена со нивната подршка во Првата Светска Војна.

Во 2007 година, сегашниот Екуменски Патријарх палеше ултра-национализам со своите лажни изјави дека ‘Македонија секогаш била, е и ќе биде секогаш грчка’.

Српската Православна Црква никогаш не била мајка црква на никого вклучувајќи ја и Македонската Православна Црква.

Македонија е спомната многу пати во Библијата како место од каде Христијанството се ширело низ Европа. Во Библијата нема никакво спомнување за Грицја, Бугарија, Србија, Британија, Франција или Русија.

Христијанско православните деспоти ги имаат заборавено основните права на Македонците кои живеат во Република Македонија или во окупираните делови под грчка власт.

Историската и сегашната територија на Македонија мора да биде безбедно и мирно место за Македонците и другите. Македонци избркани од Егејска Македонија мора да им се дозволи право да се вратат во нивните искрадени земји без да мора да го променат нивниот идентитет од Македонец во Грк. .

Сите народи во Балканот и пошироко мора да уживаат еднакви права на слобода, безбедност, не-пресилување, не дискриминација, гордост во нивниот идентитет и националност.

Религиозните и политичките елити мора да престанат со нивната опасна нова политичка и верска реалност за Македонија преку производство на согласност. Тоа е мрачен и не етички процес на што креира нормативна реалност која ги унапредува специфичните интереси на елитните сили.

Деспотите во Православното Христијанство мора да ги разберат трендовите што се случуваат околу нив, како на пример трендот на се поголеми очекувања за поголемо народно ангажирање во градење на политики и испитување на одлуки. Верниците и граѓаните бараат повеќе официјална отвореност, отчит, преглед и оправдување на одлуки. Има се повеќе недоверба во политички и религиозни институции. Вистина и скромност мора да ги заменат арогантноста и догматизмот.

Племенски политики мора да се заменат со нова политичка култура со која сите луѓе ќе бида третирани со почит и достоинство. Општество во кое сите луѓе се чувствуваат подеднакво, што цени вистини и причини, што унапредува социјална правда и верска слобода за сте вклучувајќи ги и Македонците.

Деспотите во нашите цркви мора да погледаат одлични истражувања за човекови потреби и посебно идентитетски потреби. Кога нештата што се надвор од пазарење, и кога не-материјалните идентитетски потреби на народ се во опасност, тогаш народот дава отпор.

Луѓето се мотивирани со емоции, а емоциите се поврзани со идентитетски потреби.

Македонците се мирољубив народ кој има потреба од поврзување, безбедност, признавање, само почитување и значење. Кога нашите пет идентитетски потреби се во опасност посебно од неправди тогаш мора да бараме мировни решенија за десптизмот во православното христијанство или пак да ги надминеме.

Expand full comment