
Време е да им кажеме - збогум
Се извинувам ако песната со овој наслов - позната во изведбата на Андреа Бочели и Сара Брајтман во 1996 година - ви се врти во главата. Не сакав да ви ја всадам таму, но мислам дека тоа е, да речеме, фин начин да се поздравиме со Зоран Заев, кој „поднесе оставка“ непосредно по вториот круг на локалните избори, и од кого сега чекаме да видиме дали ќе си ја прифати својата оставка и ќе и каже збогум на премиерската функција (немам ништо против ако реши да остане лидер на неговата партија, иако најави дека ќе „поднесе оставка“ и на таа функција - само уште повеќе ќе си ја закопа партијата).
Досега сите веќе знаеме што се случи: Партијата на Заев, СДСМ, (поранешниот Сојуз на Комунистите на Македонија) и неговиот помал коалициски апртнер во македонската Влада ДУИ (поранешната терористичка Национална Ослободителна Армија која се обиде да ја подели Македонија во 2001 година) претрпеа тежок изборен пораз, загубија во најголемите градови и во општини низ цела Македонија. ВМРО-ДПМНЕ извојува голема победа, освои 42 општини, меѓу кои и повеќето големи градови.
Значи Заев „даде оставка“, и локалните и светските медиуми јавија дека „дал оставка“, по што крајно левичарски и прогресивни коментатори од меѓународната сцена (види, Карл Билд, итд) удрија да плачат, да кубат коси за неговата оставка и горе-долу рекоа дека Македонија сега ќе се распадне. Единствен проблем е што Заев се уште нема поднесено оставка, иако минаа денови по поразот.
Секако, Заев е познат по тоа што не може да му се верува на збор. Тој е експерт да го прекрши даденото ветување.
Во меѓувреме сите негови политички поддржувачи го повикаа Заев да ја повлече „оставката“, почнувајќи со лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот полтрон Артан Груби, кои им рекоа на медиумите дека немало никаква потреба Заев да се повлече, дека донел избрзана одлука и така натаму. Треба да се спомне дека ДУИ и Ахмети се видливо нервозни од следниот можен развој на настаните: целата влада да падне, а тие да останат без власт. Ахмети практично решава кој ќе создаде Влада во Македонија од 2002 година, кога излезе од терористичката униформа и облече костум (иако се уште пуши како оџак). Ако се случи да остане без власт, лично сметам дека бргу ќе го напушти овој свет. Човекот живее да биде на власт. Без власт, неговиот живот е безвреден.
Зошто СДСМ и ДУИ загубија, и тоа со толку голема разлика? Има многу причини, но меѓу нив се: нивната упорна, широко распространета корупција; јавните скандали; катастрофалниот одговор на епидемијата со Ковид-19; големиот пожар во Тетово на денот на независноста во кој загинаа 14 пациенти; растот на цените на сите можни продукти; недостигот на работни места и директни странски инвестиции; енергетската криза која е на повидок; тоа што Заев и го даде името и идентитетот на Грција, а се подготвува да ги даде македонскиот јазик и историја на Бугарија; ароганцијата; надменоста и многу други особини, поради кои граѓаните се обединија во сознанието дека државата оди во погрешна насока. Гласачите сакаа да испратат порака, и токму тоа го сторија.
Помислата дека СДСМ и ДУИ загубија бидејќи Македонија не влезе во ЕУ е само мал дел од приказната. Се работеше за многу по-суштински прашања, прашања за кои се зборува на семејната маса, сметките за вода, струја, дали има доволно пари за храна, ѓубрето што е расфрлано насекаде, немањето паркинг места, инфлацијата и многу други реални, опипливи прашања кои дневно влијаат на животите на граѓаните; ова се прашањата по кои потфрлија СДСМ и ДУИ, од проста причина што СДСМ и ДУИ не успеаа да ги подобрат животите на граѓаните - напротив, животот стана потежок под нивна власт.
Заев тврдеше дека постигнал многу успеси, како што е приемот во НАТО, но заборави да го спомне понижувањето кое следеше со тоа, целата што Македонија ја прати со губењето на своето име и идентитет, а впрочем, зарем навистина мислеше дека некој успеал да ги нахрани децата од членството во НАТО?
Можеби ќе посочите дека ова се само локални избори, и дека погоренаведените прашања не се важни за избори на локално ниво. Би биле во право, освен од две причини: рво, Заев самиот реши од локалните избори да направи национално прашање кога најави дека ќе поднесе оставка ако неговата партија СДСМ ги загуби изборите во Скопје. А СДСМ загуби. Второ, сите политички прашања се локални прашања во земја голема колку Македонија, со македонската географија и население. Добар пример се изборите во американската сојузна држава Вирџинија, која секогаш избира гувернер во години кога не се одржуваат национални избори во САД. Потпретседателката на САД Камала Харис водеше кампања во поддршка на демократскиот кандидат во Вирџинија и рече „што ќе се случи во Вирџинија ќе биде решавачко за настаните во изборните 2022 и 2024 години“. И погодете што се случи? Нивната партија загуби, републиканскиот кандидат победи и демократите ширум САД сега се во егзистенцијална криза, длабоко загрижени за исходот на парламентарните избори догодина. Секако, САД не е парламентарна рпеублика, и ние не можеме да одржиме предвремени избори. Но Македонија може, а бидејќи Заев од локалните избори направи национален референдум, изгледа дека токму тоа и ќе се случи.
Што доаѓа следно? Најважно од се е новите градоначалници и совети да почнат да работат на решавање на локалните проблеми на граѓаните. Тие мораат одлично да си ја завршат работат и да одговараат на локалните потреби на нивните гласачи, а и да се спротистават на било кој обид за корупција. Ако успеат во тоа, ќе изградат авторитет меѓу гласачите и ќе достигнат ниво на доверба кое ќе им помогне на партиите од десниот центар да победат на следните парламентарни избори, кои сите со душа ги чекаме.
А што со Заев и неговата Влада? Време е да им кажеме - збогум. На сите од нив.
Македонија заслужува подобро.